Свет
Напад во либиската Национална нафтена корпорација

Експлозии и престрелки се слушнаа утринава од седиштето на либиската Национална нафтена корпорација (НОК) во центарот на Триполи, а „Ројтерс“ објавува дека неколку маскирани лица влегле во просториите на компанијата по што отвориле оган.
طرابلس
رماية وتصاعد دخان من داخل المؤسسة الوطنية للنفظ pic.twitter.com/wTaUFw8Vnv— Wagak Original (@wagak_original) 10 September 2018
„Пет лица се застрелани во зградата, а неколку луѓе беа повредени“, изјави еден вработен во НОК за „Ројтерс“ кога успеал да скокне од прозорецот и да избега.
Exclusive photos for #Alnabaa showing firefighters at #Tripoli‘s #NOC building trying to evacuate employees from top floors #Libya pic.twitter.com/GQcKuRTfke
— Alnabaa TV Channel (@ALNABAA_EN) 10 September 2018
Веднаш по нападот, на местото пристигнаа голем број противпожарни возила, брза помош, спасувачки екипи, полиција.
صور ||
من داخل مقر المؤسسة الوطنية للنفط في الظهرة بالعاصمة الليبية طرابلس بعد الهجوم الإرهابي. #ليبيا pic.twitter.com/kw1cvYZuku— صحيفة الشاهد (@LyWitness) 10 September 2018
Безбедносните сили ги искршиле прозорците на зградата со цел вработените да може да избегаат. Еден член од персоналот на хотелот што се наоѓа во непосредна близина на НОК за медиумите изјавил дека се слушнале најмалку пет експлозии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ се заканува со царини на тоалетна хартија, шминки и други производи од САД

Европската унија се закани дека ќе воведе тарифи за американската тоалетна хартија, соја, сенки за очи и стотици други производи доколку пропаднат трговските преговори со Соединетите држави, пишува Си-Ен-Ен.
ЕУ објави сеопфатна листа на американски производи кои би можеле да се соочат со царини од 25 отсто доколку не се постигне договор.
Ова е уште еден потег во трговската војна што американскиот претседател Доналд Трамп ја започна со воведување високи царини за стоки од десетици земји. Економистите предупредуваат дека последиците може да ги турнат американската и другите економии во рецесија.
ЕУ ги одложи своите први контрамерки за 90 дена, откако Трамп, исто така, привремено ги повлече најавените тарифи што ги претстави претходно овој месец. Европските тарифи требаше да стапат на сила во вторник како одговор на американските царини од 25 отсто за целиот увезен челик и алуминиум.
На списокот на ЕУ има околу 400 американски производи кои би можеле да подлежат на повисоки царини веќе во средината на јули. Други 1.300 производи би можеле да бидат погодени истовремено или во подоцнежна фаза.
Регион
Трамп затвора 30 амбасади и конзулати, меѓу кои и тие во БиХ

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство како дел од значајната промена во дипломатското присуство на Америка во странство, според внатрешен документ на Стејт департментот, објави Си-Ен-Ен.
Во документот се препорачува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати. Списокот ги вклучува амбасадите во Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан, како и Малта. На списокот има и пет конзулати во Франција, два во Германија, два во Босна и Херцеговина, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.
Во случајот со Босна и Херцеговина, тоа се конзулати во Мостар и Бања Лука.
Во документот се предлага работите на затворените амбасади да ги покриваат филијали во соседните земји. Администрацијата на Трамп досега номинираше кандидати за амбасадори само за две амбасади кои се препорачани за затворање – Малта и Луксембург.
Амбасадите и конзулатите служат како важни пунктови за Стејт департментот. Тие обезбедуваат услуги како што се обработка на визи и помош за американските граѓани на кои им е потребна. Тие исто така собираат информации што се испраќаат до Вашингтон.
Свет
Добиваат погрешни резултати од крвни анализи – пациенти и лекари во Британија очајни

Илјадници пациенти во Велика Британија би можеле да се соочат со погрешни дијагнози поради неточни и погрешни резултати од тестовите на крвта, покажа алармантно истражување на „Би-би-си“.
„Синовис“, лабораторијата за крвни анализи за шест болници во Лондон, не успева да обезбеди точни резултати „на дневна основа“, велат лекарите.
Десетици мејлови испратени од фирмата, која заработува две и пол милијарди евра, покажуваат дека таа постојано им се извинувала на општите лекари од 2021 година за неточни резултати од тестовите поврзани со болести, вклучително и дијабетес и маларија.
Лекарите тврдат дека тоа сега е нивна „секојдневна грижа“, а проблемот е „ништо помалку од национален скандал“, објави Дејли Меил.
„Синовис“ денеска се извини за „неволјата, непријатностите и вознемиреноста“ што ги предизвика, но тврди дека неточните тестови претставуваат само дел од десетици илјади што ги обработува секој ден.
Повеќе од десетина општи лекари кои зборуваа анонимно од професионални причини рекоа дека повеќе не можат да и веруваат на компанијата.
Еден општ лекар додаде: „Никогаш немаше да ни падне на памет дека тестот на крвта може да не е сигурен. Ова сега е секојдневна грижа“.