Топ
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Вработена во обложувачница во Маџари вршела фиктивни уплати на тикети, а потоа, за да прикрие дека недостигаат пари, испланирала вооружен грабеж.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.Ж. (30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и Ј.Б. (22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување кривично дело, при што стекнале противправна имотна корист од 196.000 денари.
На 5 септември годинава околу 9.30 првопријавениот претходно се договорил со вработената да влезе со оружје и наводно да ја принуди да му ги даде парите од сефот од обложувачницата. Тие ја договориле кражбата со цел да го прикријат долгот на парични средства што претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на пари, а уплатите на тикети ги извршила Ј.Б.
„Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила тој да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да ѝ ги побара паричните средства од касата, а сè со цел таа да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувачницата што го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број фиктивни уплати на тикети на првопријавениот, без уплата на парични средства“, велат од МВР.
Од таму информираат дека двете лица се приведени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

