Спорт
Кедира ќе остане во Јувентус до 2021 година
Италијанскиот шампион Јувентус стави крај на шпекулациите околу иднината на Сами Кедира, откако фудбалерот го продолжи договорот.
Во средата, Кедира ставил потпис на новиот договор со „старата дама“, кој ќе важи до јуни 2021 година. Клубот соопшти дека…


Италијанскиот шампион Јувентус стави крај на шпекулациите за иднината на Сами Кедира кога фудбалерот го продолжи договорот.
Во средата Кедира ставил потпис на новиот договор со „старата дама“, кој ќе важи до јуни 2021 година. Клубот соопшти дека во договорот постои клаузула според која тој може да биде продолжен до 2022 година.
Кедира на социјалните мрежи објави дека ќе остане во Јувентиус, со што стави крај на шпекулациите за можен трансфер во ПСЖ.
Германскиот репрезентативец стана играч на Јувентус во 2015 година кога како слободен пристигна во Торино од редовите на Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“