Контакт

Култура

Актерката Милица Стојанова е добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Објавено пред

На третата прес-конференција посветена на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ беше објавена лауретката на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Годинава наградата ѝ ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во ‘Исправи се, Делфина’, ‘Среќна нова ’49’, ‘Пред дождот’, ‘Оловна бригада’, пред некоја година во ‘Три дена во септември’ на Даријан Пејовски и во краткиот филм ‘Види ја ти неа’, кој доби награда на фестивалот ‘Санденс’. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски“, рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ.

Иванов потенцира дека тоа што Стојанова немала главни улоги во филмовите се должи на положбата на жената во целата македонска кинематографија, особено кога била во своите најдобри години.

„За жал, нашите филмови се 90 отсто со историска тематика, каде што мажите водат некакви војни, а жените, според сценаријата, се принудени да бидат мајки или за жалење теткички. Но, Милица Стојанова има остварено многу улоги и сите тие се значајни. Тоа што оваа македонска дива ќе биде со нас во Битола на 86-годишна возраст по 60 години присуство на филмското платно е голема работа“, истакна Иванов.

Гена Теодосиевска, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, рече дека фестивалот поминува низ интензивен период на подготовки.

„Во разните филмски програми имаме 95 наслови, имаме филмови од големи продукции селектирани на најголемите и најпознатите светски филмски фестивали, но и оние квалитетни уметнички продукции кои може да се најдат на помалите филмски фестивали во Европа и светот“, рече Теодосиевска.

Фестивалот ќе биде отворен со светска премиера на најновиот краток филм „Љубовникот“, во режија на Игор Иванов-Изи, а потоа во чест на добитникот на „Златната камера 300“ за животно дело, кинематограферот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан филмот „Истребувач 2049“. Во чест на филмската дива Клаудија Кардинале, надвор од официјалната конкуренција ќе биде прикажан нејзиниот најнов филм „Благородни лаги“, во продукција на Поло Роси.

Селекторот на главната програма „Камера 300“, Благоја Куновски-Доре, рече дека оваа програма е брендот на фестивалот, а по неа, како и по другите програми, фестивалот е препознатлив.

„Но, во главната програма се одвива трката по трите главни награди за кои одлучува петчлено интернационално жири. Програмата ја чинат 12 навистина врвни дела затоа што ако претендираме да сме светски фестивал и сме врвен фестивал како прв и најстар во светот, мора да водиме сметка секогаш да биде тоа повеќе од златниот просек и секогаш да сме на извориштето на трите најголеми филмски фестивали: Кан, Берлин и Венеција и ако дозволат околностите, да вклучиме и филм од другите фестивали како лани од Карлови Вари. Годинава имаме шест филма од компетицијата во Кан, три од Берлин и два и минатогодишниот фестивал во Венеција“, рече Куновски.

Фестивалот ќе се затвори со филмот „Црниот кју-кју-клановец“ во режија на Спајк Ли и со краткиот филм „Скаут“ на Алекс Цветков, режисер од македонско потекло, кој живее во САД.

 

Култура

Концерт на Георги Шарески – Есенски музички свечености

Објавено пред

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.

dobivaj vesti na viber

Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и суптилна виртуозност. Со девет авторски албуми, Шарески настапува како соло артист и со врвни музичари од Македонија и пошироко. Неговите проекти ги надминуваат жанровските граници, спојувајќи традиција и современ израз. Редовно настапува на реномирани фестивали и сцени во Европа и светот,
придонесувајќи за меѓународната афирмација на македонската современа музика.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонската филхармонија во Златната сала на „Музикферајн“ – Виена аплаудира на македонската уметност

Објавено пред

Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена – еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот.

dobivaj vesti na viber

Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот.

Настапот под диригентство на Јерухам Шаровски, со солистите Ана и Игор Дурловски, донесе импресивен спој на македонска и европска класика, кој ја воодушеви виенската публика. Преполната сала со стоечки овации и долги аплаузи ја поздрави изведбата на нашите музичари, особено делата на Глигор Смокварски, Бете Илин и петте традиционални македонски песни во аранжман на Сони Петровски.

На сцената во срцето на Виена, градот каде што се роди класичната музика, оркестарот на Македонската филхармонија приреди незаборавна вечер исполнета со страст, емоции и музичко совршенство.

Прикажи повеќе...

Култура

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот.

dobivaj vesti na viber

Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.

Операта „Палјачи“ е едно од најпознатите дела на италијанскиот веризам. Премиерно е изведена во Милано во 1892 година, а Леонкавало сам го напишал либретото, инспириран од вистински настан. Делото ја ја открива тенката линија помеѓу уметноста и реалноста, љубовта и љубомората, смеењето и солзите. Со незаборавната арија „Vesti la giubba“, ова ремек-дело го допира секое срце и потсетува дека и зад маската на насмевката може да се крие болка. „Палјачи“ претставува едно од најемотивните и најизведуваните оперски дела во историјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија3 часа

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија4 часа

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија4 часа

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија4 часа

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија4 часа

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија5 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет7 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа8 часа

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет8 часа

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет8 часа

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет9 часа

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија22 часа

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија1 ден

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија1 ден

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија1 ден

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ1 ден

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет1 ден

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа1 ден

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...