Црна хроника
Тепачка прерасна во престрелка во Охрид

Шест лица се приведени во Охрид ноќта кон саботата, откако во еден часот по полноќ по вербална расправија пред локал, било употребено и огнено оружје, а инцидентот го продолжил и родител на еден од учесниците при што бил повредени и полицаец. Некои од учесниците се хоспитализирани, но се надвор од животна опасност.
Секторот за внатрешни работи Охрид соопшти во саботата дека се притворени шест лица од Охрид, поради нарушувањето на јавниот ред и мир во кафе бар лоциран на булеварот „Македонски просветители“ и пукање со огнено оружје пиштол на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид. Од нив, три лица се наоѓаат во општата болница, а едно во болницата „Свети Еразмо“, каде што им е пружена медицинска помош и се наоѓаат надвор од животна опасност.
Инцидентот започнал во кафулето со вербална расправија меѓу две групи, односно кога четири лица за кои е утврдено дека биле алкохолизирани започнале кавга а потоа и жестока физичка пресметка. Притоа биле разменети повеќе удари со раце и нозе, со чаши, шишиња и делови од инвентарот на локалот. Набрзо потоа, двајца од учесниците во тепачката со автомобил застанале пред домот на еден од спротивната група на улицата „Лазо Трпоски“, каде со огнено оружје пиштол кон куќата испукале повеќе проектили.
По овој настан, на хируршкото оделение во општата болница во Охрид се сретнале родителот на еден од учесниците во тепачката во кафе барот со двајца од спротивната група. Тука настанала меѓусебна вербална расправија и физичка пресметка. Притоа во обид да ја спречи пресметката, нападнат бил и еден полициски службеник кој се здобил со лесни телесни повреди.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема натамошни мерки за целосно расветлување на овој настан по што, по неколку основи против учесниците ќе бидат поднесени кривични пријави./крај/мф./ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.