Регион
Грција одбива ’уцени’, бара состанок со челниците ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара состанок со челниците на земјите членки на Европската унија, вклучително и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти неименуван грчки функционер.
Грција е упорна на тоа дека нема да ја прифати „уцената“ поради нејзината должничка криза, но за неколку седмици би можела да остане без пари, бидејќи нејзините партнери од Европската унија, кои ги разгневи жестоката реторика на новата грчка влада на радикалната левица против условите за спасување на земјата од Банкрот, ја замрзнаа странската финансиска помош додека Атина не даде докази за спроведувањето на реформите на коишто се обврзаа поранешните грчки влади.
Атина го нападна челникот на Еврогрупата, министрите за финансии на 19-те земји членки од еврозоната, Јероен Дијслелблом, поради неговата изјава дека се зголемува притисокот врз Грција и дека итниот заем ќе го добие само доколку оствари чувствителен напредок во реформите. Додаде дека не сака во Грција да се повторни сценариото од Кипар од 2013 година кога банките мораа да останат затворени неколку дена, за да не бидат извлечени од нив сите депозити на граѓаните.
Портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис, го обвини Дијселблум дека ги пречекорил своите овластувања. „Сметаме дека не е потребно да се потсетува дека Грција не може да биде уценувана“, изјави портпаролот.
Ципрас сака на споменатиот состанок на маргините од самитот на ЕУ, кој ќе се одржи во четврток и петок, освен германската германската канцеларка Ангела Меркел да учествуваат и претседателот на Европската централна банка (ECB) Марио Драги, претседателот на Европската комисија Џан-Клод Јункер и францускиот претседател Франсоа Оланд. Неименуван грчки функционер за Reuters додал и дека Ципрас барањето во оваа смисла го упатил во текот на телефонскиот разговорот со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, чиј портпарол потврдил дека разговорот се одржал.
Во Брисел сметаат дека овој состанок би можел да биде последниот обид на Ципрас некако сепак да постигне „политичко решение“ на проблемот околу финансирањето на Грција, во којашто ситуацијата станува сé потешка со изминувањето на рокот до кој Атина нема да има пристап на пазарите на пари./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.