Црна хроника
Обвинителството бара притвор за ограбувачите на бензиската пумпа во Велешта
Обвинителството бара притвор за две лица кои извршија рабојништво на бензинска пумпа во селото Велешта. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.
Осомничените, 24-годишен жител на с. Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август годинава го извршиле во бензинската пумпа на Макпетрол , лоцирана во с. Велешта, Струшко.
По интензивно преземање дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени беа лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.Поради постоење на законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

