Црна хроника
“Алфите“привеле 357 лица во ноември

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1061 лица, преглед на 109 возило, а по разни основи приведени се вкупно 357 лица.
Според статистиката на МВР, „Алфите“ по основа на телеграма провеле 55 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 45 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 22, по извршено кривично дело – 48 лица, на лице место во вршење на кривично дело – 21 лице, за издржување на казна затвор – деветмина, за утврдување на идентитет – 11 лица, за држење недозволени предмети – шест лица и тројца странски државјани со нерегулиран престој во државата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко повреден 19-годишен мотоциклист од Тетово

Вчера околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од T.С.(35) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Н.(19) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот З.Н., додека со телесни повреди неговиот сопатник А.П.(18) и возачот на патничкото возило Т.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична против тетовец: по расправија истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 27.05.2025 во угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Црна хроника
Со возило излетал од автопатот Скопје – Велес и удрил во сообраќаен знак: тешко повреден 67-годишник

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, после клучка Хиподром, 67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.