Европа
Француска министерка на удар поради изјава за носењето зар

Француската министерка за правата на жените Лоренс Росињол предизвика вистински бран критики во четвртокот поради изјавата дека муслиманските жени го носат зарот како црните робови кои биле за ропството.
Француската министерка за правата на жените Лоренс Росињол предизвика вистински бран критики во четвртокот поради изјавата дека муслиманските жени го носат зарот како црните робови кои биле за ропството.
Во интернетската петиција којашто ја потпишале повеќе од 18.000 лица, министерката е обвинета за расизам, а нејзините зборови особено ги критикуваа здруженијата за борба против исламофобијата.
„Секако дека има жени кои избрале да го носат зарот. Има африкански црнци, американски црнци кои биле за ропството. Верувам дека тие жени, многу од нив, милитантни борци за политичкиот ислам, и јас им се спротиставувам како на милитанти… кои се борат за проект и општество коешто тој зар го претставува“, изјави министерката Лоренс Росињол во интервјуто за телевизијата BFMTV во средата вечерта.
Росињо подоцна објави дека се извинува поради споредбата со црнците, но остана на споредувањето на носењето на зарот кој го прекрива дел од лицето на муслиманските жени со ропството.
„Строго се противам на предлозите коишто ги стигматизираат муслиманските жени“, изјави претседателот на Националната опсерваторија за исламофобија, Абдалах Зекри, кого го цитира весникот Le Monde.
Рисињол е убедена заговорничка на француската политичка традиција којашто настојува да ја задржи одвоеноста на религијата и политичката и образовната сфера.
Нејзиниот пристап предизвика напнатост во Франција во смисла на носењето верски симболи во училиштата и на другите јавни места. Франција има католичко наследство, а исто така ги има и најголемите муслимански и еврејски популации во Европа.
По терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз кога исламските екстремисти убија 130 луѓе, во Франција е зголемена загриженоста поради начинот на кој остатокот од популацијата гледа на муслиманите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите ја нападнаа Одеса

Во напад на руски беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса на Црното Море во текот на ноќта повредени се три лица, предизвикани се пожари и оштетени се домови и цивилна инфраструктура, соопштија утринава властите во јужниот украински регион.
„Непријателот повторно ја нападна Одеса со масовен напад со беспилотни летала“, рече Олех Кипер, гувернер на регионот, чиј административен центар е градот Одеса, на апликацијата за пораки „Телеграм“, но сè уште не е познат целосниот обем на нападот.
Украинските воздухопловни сили обично известуваат за детали за руските напади што траат во текот на ноќта подоцна утрото.
Во објава на „Телеграм“ службите за итни случаи на Украина објавија дека три лица се повредени и дека како резултат на нападот избувнале неколку пожари во градот.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, објави фотографија на која се урнати станбени згради и други објекти, а на друга работниците за итна помош бараат низ урнатините, а куче ѕирка зад куп дрва.
„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди извештаите. Двете страни негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја почна со сеопфатната инвазија на Украина пред повеќе од три години.
Кон крајот на март САД соопштија дека постигнале посебни договори со Украина и Русија за запирање на нападите над Црното Море и едни со други енергетски цели.
Двете страни постојано меѓусебно се обвинуваат за кршење на мораториумот.
Европа
Најнови информации за здравјето на папата Франциско: Ватикан се огласи во пресрет на Велигден

Здравјето на папата Франциско се подобрува, со забележителни подобрувања во неговите моторни, респираторни и гласовни функции, соопшти прес-службата на Ватикан.
Папата, кој ја напушти римската болница „Гемели“ на 23 март, каде што се лекуваше од пневмонија, наводно ги продолжува своите работни активности и средби со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации, кои ќе бидат прочитани за време на богослужбата на Велипеток во пресрет на Велигден.
Прес-службата објави и дека папата сега поретко прима кислородна терапија, која во моментот е сè поограничена, а продолжува и со физиотерапијата, пренесува „Ватикан њуз“.
Објавен е и планот за прослави и миси за време на Страсната недела, но сè уште не се знае дали на нив ќе присуствува и поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциско периодот од 14 февруари до 23 март го помина во болница, во кој се лекуваше од билатерална пневмонија.
Европа
ЕУ му се закани на Вучиќ ако отпатува во Москва за парадата; Захарова: Ова е евронацизам

Србија би можела да биде блокирана во процесот на пристапување во Европската унија доколку нејзиниот претседател Александар Вучиќ следниот месец отпатува во Русија на парадата за Денот на победата, објави вчера Телеграф.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, овие предупредувања од Европската унија ги нарече „евронацизам“.
„Ако ова е вистина, тогаш евронацизмот се оживува пред нашите очи“, рече Захарова.
„Пред 80 години, фашистите на ист начин ги принудија оние што ги сметаа за ‘граѓани од втор ред’ да се откажат од својата татковина, народ и религија“, објави таа на нејзиниот канал на Телеграм.
Руските државни медиуми објавија дека Александар Вучиќ ќе биде еден од странските државници на настанот, како и дека Србија ќе учествува со воени единици и опрема на спектаклот на 9 мај. Како одговор, европските претставници го предупредија Вучиќ дека неговата посета ќе биде кршење на критериумите за членство во ЕУ и на тој начин ќе ги загрози европските амбиции на Србија.
„Треба јасно да им ставиме до знаење дека одредени одлуки имаат цена“, изјави Џонатан Всевиов, генерален секретар на естонското Министерство за надворешни работи. „Последицата е тоа што нема да влезе во Европската унија.“
„Русите многу се трудат да доведат странски гости… Ова ќе биде важен тест за нас. Во основа гледаме дали тие се на наша страна или играат за друг тим“.
Каја Калас, највисокиот дипломат на Европската унија, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ на вчерашната средба разговарале за учеството на земјите кандидати на церемонијата во Москва.
„Се разговараше многу јасно и неколку земји-членки рекоа дека секое учество на паради или прослави на 9 мај во Москва нема да биде сфатено лесно од европската страна, имајќи предвид дека Русија води вистинска, сеопфатна војна во Европа“, изјави таа за новинарите по состанокот.
Србија долго време се обидува да одржи добри односи и со Брисел и со Москва во исто време.
Таа аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година и доби статус на кандидат во 2012 година. Пристапните преговори на Србија беа закочени во последниве години.
Белград одби да воведе западни санкции кон Русија како одговор на војната, која повеќето земји-членки на ЕУ ја бараат како услов за членство. Русија е сопственик на единствената нафтена рафинерија во Србија и одбива да ја продаде, со што Србија економски зависи од Москва.
Каја Калас беше принудена да ги предупреди другите членки на ЕУ да не учествуваат на парадата на Денот на победата на Путин, која оваа година ја одбележува 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Словачка, членка на ЕУ со блиски врски со Москва, исто така е поканета на настанот следниот месец.
Роберт Фицо, словачкиот премиер, минатата година рече дека ќе присуствува и е еден од ретките лидери на ЕУ што се сретнал со Путин во повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се смета за најблизок сојузник на Путин во Европа, нема да присуствува.
„Ги поканив сите членови, како и претставници на институциите, што почесто да го посетуваат Киев за да ја покажеме нашата солидарност и дека стоиме со Украина“, рече Калас.