Европа
Порошенко најави разговор со Меркел, Оланд и Обама, борбите не стивнуваат

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека во текот на саботата ќе има телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со претседателите на Франција и на САД, Франсоа Оланд и Барак Обама, за да ја разгледаат ситуацијата на истокот од земјата пред настапувањето на прекинот на огнот, додека борбите не престануваат во обидите да се заземат што постратешки позиции.
Порошенко со челниците на Германија и Франција ќе зборува во 16 часот по средноевропско време, а со американскиот претседател Барак Обама во 18 часот.
Во меѓувреме двете страни продолжуваат со меѓусебните обвинувања дека борбите на бобунетиот рускојазичен исток на Украина не стивнуваат.
Украинската армија ги обвини бунтовниците дека ја засилуваат офанзивата во настојувањето да заземат што повеќе територија пред настапувањето на примирјето на полноќ по локално време. Договорот постигнат претходно седмицава во белоруската престолнина Минск предвидува воспоставување тампон зона меѓу завојуваните страни и повлекување на тешкото вооружување меѓу 40 и 70 километри од линијата на раздвојувањето.
Портпаролот на украинската армија, Андриј Лисенк, изјави во саботата на брифинг во Киев дека седум украински војници се убиени а 23 се ранети во борбите во последните 24 часа.
Од друга страна претставниците на самопрогласената ткн Народна република Донецк објавија дека три цивила загинале во гранатирањето на овој бунтовнички центар чија цел била резиденцијата на челникот Александр Захарченко, стотина метри од место на коешто се наоѓала група новинар, загинале три лица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин