Европа
УКИП би можела да го поддржи Камерон по изборите во мај

Британската партија на независноста (УКИП) би можела да склучи договор со конзервативците на британскиот премиер Дејвид Камерон по изборите во мај годинава, доколку тој се согласи на нивните барања за референдумот околу членството на Велика Британија во Европската унија (ЕУ), најавил лидерот на УКИП, Најџел Фараџ во неделата, пишува EurActiv.
Се очекува изборите во мај да бидат едни од најтесните во поновата британска историја, бидејќи многу од анкетите покажале дека на конзервативците и опозициската Лабуристичка партија ќе им биде многу тешко да обезбедат чисто мнозинство.
Камерон, чија партија е на власт уште од 2010 година, вети дека ќе преговара за подобри услови околу членството на Британија во Унијата, но и дека во 2017 година ќе одржи референдум за тоа дали британските граѓани сакаат земјата да остане во ЕУ.
Фараџ изјавил дека е малку веројатно оти евроскептичната УКИП, која победи на минатогодишните европски избори во Британија и има двајца пратеници во британскиот Парламент, би влегла во формална коалиција, но дека би можела да помогне околу формирањето на малцинска влада.
„Не би можеле да направиме никаков договор со лидерот на лабуристите, Ед Милибанд, сè додека тој не се согласува околу одржувањето на референдумот. Но можеби би можеле да постигнеме договор со Камерон, но само доколку тајмингот и условите за референдумот се погодени“, изјавил Фараџ.
Во барањата на УКИП е и тоа референдумот да биде одржан веднаш по изборите, со гаранции дека двете страни кои ќе ја водат кампањата ќе имаат ограничени средства за трошење, како и тоа дека само британските граѓаните ќе можат да гласаат. Камерон пак, претходно изјавил дека тој би можел да го помести одржувањето на референдумот за порано, доколку тоа е можно./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин