Спорт
Модриќ е „кралот“ на светот
Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал Мадрид стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите, а ги предводеше и Хрватска до историското сребро на СП во Рус…

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал Мадрид стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите, а ги предводеше и Хрватска до историското сребро на СП во Русија, каде што ја доби „златната топка“ како најдобар фудбалер на турнирот.
Модриќ ги совлада својот поранешен клупски колега Кристијано Роналдо (кој не беше присутен на изборот во Лондон), како и Мохамед Салах, египетскиот „фараон“ на фудбалот, кој како „утешна“ награда си замина дома со „Пушкаш“ наградата за најдобар гол во сезоната.
„Вистинска чест и прекрасно чувство е да се стои тука со овој неверојатен трофеј. Прво сакам да им честитам на Мохамед и Кристијано и сигурен сум дека повторно ќе се борат за овој трофеј. Наградата не е само моја, туку и на моите соиграчи од Реал Мадрид и хрватската репрезентација. Без моите тренери немаше да го освојам ова, без моето семејство немаше да бидам фудбалерот кој сум денеска. Би сакал да го споменам мојот фудбалски идол и капитенот на тимот од 1998 година, Звонимир Бобан, кој секогаш ми е инспирација. Оваа награда покажува дека можеш на врвот со напорна работа и посветеност. Соништата се остваруваат“, изјави Модриќ.
33-годишниот Хрват, со ова ги обедини титулите на ФИФА и УЕФА, која претходно го прогласи за најдобар европски фудбалер, и сега влегува како голем фаворит и во изборот за најпрестижната награда „Балон д’ор“ на „Франс фудбал“.
Congratulations, Luka Modric ?
Winner of #TheBest FIFA Men’s Player 2018 ?#FIFAFootballAwards pic.twitter.com/D489MswXug— #TheBest (@FIFAcom) September 24, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Павловиќ и Мењан за триумф на Милан над Рома
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот.
Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата.
Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент.
Во финишот од натпреварот, во 82-та минута, Пауло Дибала не реализираше пенал. Мајк Мењан го одбрани неговиот удар.
Со оваа победа, Милан се изедначи на табелата со Рома и Интер. Овие три екипи имаат по 21 бод, еден помалку од лидерот Наполи.
Во следното коло, Милан ќе гостува кај Парма, додека Рома ќе го пречека Удинезе.
Foto/ EPA
Спорт
Гвардиола: Судиите десет години го ограбуваат Манчестер сити
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, беше многу лут по победата на неговиот тим против Борнмут со 3:1 во Премиер лигата.
Тренерот на „Граѓаните“ ги нападна судиите поради голот на Борнмут, кој според него беше постигнат по прекршок врз голманот Донарума.
„Неверојатно е што претставува гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум среќен со она што го постигнав досега во Сити“, рече Гвардиола.
Тој не застана тука со критиките кон судијата Ентони Тејлор.
„Му реков да ми објасни дали е прекршок или не. Не се удостои да ми одговори. Сите тука на „Етихад“ се храбри, многу храбри. Знам дека во минатото познати тренери во минатото им се јавувале. Јас не, а ниту тие ќе ме повикаат. Знам точно што можам да очекувам на стадионот“, заклучи Гвардиола.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA

