Европа
Во Полска трајно ќе бидат распоредени илјада британски војници од 2017?!

Велика Британија трајно ќе распореди илјада свои војници во Полска, почнувајќи од следната 2017 година, најави полскиот министер за одбрана, која е спротивна од изјавата која претходно дојде од Лондон.
Во средата британското министерство за одбрана соопшти дека Лондон ќе испрати 1.000 војници за учество на воени вежби во Полска, како дел од договорот со Варшава околу јакнењето на билатералните врски меѓу двете земји во сферата на одбраната.
Меѓутоа, полскиот министер за одбрана Антони Мациеревич, изјави за католичката станица Радио Марија дека Варшава и Лондон се договориле на средбата на министрите за одбрана и за надворешни работи одржана во Шкотска, дека дел од тие единици ќе останат трајно во Полска.
„Една од одлуките којашто резултираше од разговорите е постојаното присуство на британските сили на полска територија, односно илјада војници кои постојано ќе бидат стационирани на полска територија од следната година. Ќе се менуваат на база на ротации, но постојано ќе биде присуството на илјада војници“, рече полскиот министер за одбрана во четвртокот вечерта.
До петокот вечерта, британското министерство за одбрана не ја коментираше оваа изјава./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлозија и пожар во близина на Севиља: 80.000 луѓе се затворени во домовите поради токсичен чад

Голем пожар предизвикан од експлозија во хемиски магацин во индустриската зона Ла Ред во Алкала де Гвадаира, во близина на Севиља, принуди 80.000 луѓе да останат затворени во своите домови поради страв од труење, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувна во среда попладне, а беше прогласена вонредна состојба поради опасностите што ги претставуваат чадот и гасовите што произлегуваат од согорувањето на непознати супстанции. Едно лице е хоспитализирано со изгореници, според моментално достапните информации.
Massive fire erupts at chemical warehouse near Seville, residents urged to stay indoors. #Seville #Spain #Fire #Andalucia #Emergency #BreakingNews pic.twitter.com/Lp4Q5qwyMl
— Prime Source (@PrimeSourceHQ) May 14, 2025
Службите за итни случаи објавија дека првиот извештај за експлозијата дошол во 13:20 часот, директно од компанијата што управува со магацинот.
Како превентивна мерка, компанијата ги евакуираше сите вработени, но сè уште не е потврдено дали има уште повредени.
Spain: A chemical plant explosion near Seville sent a massive smoke cloud into the air, prompting officials to advise about 80,000 nearby residents to stay inside, shut windows, or wear masks. #Fire #ChemicalPlant #Breaking #Seville #SpainFire #LatestUpdate #Alert #Explosion pic.twitter.com/Mq74oQQTar
— Europe Cognizant (@EuropeCognizant) May 14, 2025
Властите го опишаа инцидентот како „загрижувачки“ со оглед на обемот на пожарот и видот на материјалот што гореше. Чад може да се види од општините оддалечени повеќе од 80 километри од местото на несреќата.
Службата за цивилна заштита го активираше системот Es-Alert, кој испрати итна порака до сите мобилни телефони во градот со која ги предупреди да не ги напуштаат своите домови.
🇪🇸 A massive fire erupted at a chemical distribution warehouse near Seville, sending dark smoke over the area.
#Spain pic.twitter.com/9FlUrnvLlM
— World Order Watch (@WorldOrderWatch) May 14, 2025
На жителите им беше советувано да „затворат врати и прозорци за да го спречат чадот“ и „да носат маски“. Регионалната влада на Андалузија прогласи вонредна состојба од прво ниво.
Европа
Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Европа
Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин.
Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ.
Преговорите за евентуален крај на војната во Украина се закажани за четврток во Турција. Но, веќе со денови се шпекулира за тоа кој ќе седне на масата.
Самиот Путин повика на директни преговори меѓу Русија и Украина во најголемиот турски град „без предуслови“, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ќе дојде лично и изрази очекување дека ќе дојде и рускиот претседател.