Европа
Донаторите планираат 15 млрд долари за Украина во април

Меѓународните донатори планираат во април во Киев да одржат конференција на којашто би собрале најмалку 15 милијарди американски долари за да може Украина да се спаси од банкрот и да може да се обнови, изјави во понеделникот европскиот комесар за регионална политика, Јоханес Хан.
Донаторите, вклучително Европската унија, САД, Јапонија, Обединетите нации и развојните банки, уште ланскиот јуни се состанаа за да ги договорат начините за помош на Украина, меѓутоа повеќето од нив бараат од актуелните власти во Киев во прв ред да го состават својот сеопфатен список од свои потреби.
Еврокомесарот за регионална политика, Јоханес Хан нагласи во понеделникот дека Украина донаторите треба да ги смета како инвеститори кои сакаат да заработат на вложеното, а истакна и дека украинската влада ветила дека тој палн ќе го заврши до средината на февруари, а а тоа би можело да овозможи да се одреди и точниот датум за одржување на донаторската конференција.
„Настојуваме да добиеме сеопфатен план насоки за Украина. Сакаме да поставиме параметри кои може да се проверуваат на тримесечна основа, Не сакаме да даваме пари во дупка без дно“, нагласи Хан.
Меѓутоа, Хан нагласи и дека меѓународните донатори меѓусебно треба да го оформат единствениот список со реформи коишто Украина би морала да ги спроведе, доколку сакада да ги добие парите што и’ де неопходни, наместо секога поединечна донаторска земја до Меѓународниот монетарен фонд на властите во Киев да им предаваат сопствен список со барања./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин