Свет
(Видео) Болтон го предупреди Иран: Ве чека пекол
Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, ги предупреди иранските власти дека ги чека пекол ако тие му наштетат на САД.
Предупредувањето на Болтон дојде неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини Иран дека сее хаос, смрт и уништување на Блискиот Исток, на што иранскиот претседател, пак, одговори со критики кон администрацијата на Трамп и тоа пред сè поради покажувањето големо непријателство.
„Ако работите против нас, нашите сојузници, или нашите партнери, ако им се направи штета на нашите граѓани, навистина ве чека пекол. Мојата порака е јасна – ве набљудуваме и ќе ве најдеме“, предупреди тој.
Болтон заклучи дека Иран не ги почитува своите соседи, ниту граници ниту, пак, суверените права на државите, туку, наместо тоа, иранските лидери ги ограбуваат ресурсите на земјата со цел да се збогатат и се шири хаос на Блискиот Исток и подалеку“.
Денеска, американскиот претседател Доналд Трамп ќе претседава на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Иран и неширење нуклеарно оружје. Инаку, САД неодамна воведоа санкции против Иран кога се повлекоа од нуклеарниот договор постигнат во Техеран во март 2015 година, со кој иранските нуклеарни активности се ограничени во замена за олеснување на претходно изречените санкции.
Рохани вчера во Њујорк изјави дека дијалогот треба да почне и да се спречи заканувањето и, како што рече, нефер санкциите кон земјата. Рохани додаде дека ниту една земја не може да биде на сила принудена да седне на преговарачка маса.
„САД меѓународните односи ги сфаќаат на авторитарен начин. Тие сметаат дека власта и моќта значат право. Нивното разбирање на овие два поима, под кои не се почитува ниту правната и легитимна власт, се одразува преку малтретирање и наметнување“, рече Рохани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.
Европа
(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.
I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and solidarity. Thank you for being with us on this symbolic date. pic.twitter.com/yeaZXPSRCn
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.
„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.
Welcome to Kyiv, dear allies, and thank you for standing with Ukraine today and throughout four years of Russia’s brutal full-scale war.
I was glad to welcome @EU_Commission President @vonderleyen and @eucopresident Antonio Costa at the Kyiv Central.
February 24th, 2022, has… pic.twitter.com/p9v1YJMxOc
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.
„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.
Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.
Свет
Пекинг: Преговорите остануваат единствениот одржлив пат кон мир во Украина
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, денес изјави дека ставот на Кина за кризата во Украина е конзистентен и јасен и дека Кина ги поддржува сите напори за мир.
Забележувајќи дека вратата за дијалог во украинската криза конечно се отвори неодамна, каде што сите страни водат разговори, таа изјави дека дијалогот и преговорите остануваат единствениот одржлив начин за решавање на проблемот, пренесува Синхуа.
„Се надеваме дека сите страни ќе ја искористат можноста да постигнат сеопфатен, траен и обврзувачки мировен договор, рече Мао на редовната прес-конференција.
„Кина е подготвена да соработува со меѓународната заедница за да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на политичко решение за кризата“, изјави портпаролката на кинеското министерство.
Денес се одбележува четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина, при што борбите на бојното поле продолжуваат заедно со трилатералните мировни преговори што ги започна американскиот претседател Доналд Трамп.

