Македонија
(Видео) Првите пратеници ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат на претстојниот референдум
Триесетина пратеници од првиот парламентарен состав ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат на претстојниот референдум, кој ќе се одржи на 30 септември годинава.
„Ние имавме историска шанса да ги удриме темелите на независна и суверена Македонија. Ги направивме вистинските чекори во вистинско време. Донесовме декларација за независност, донесовме декларација за членство во ЕУ и НАТО, го донесовме Уставот, како и одлуката за референдумот. Приемот во ОН беше условен со прифаќање на спогодбата со Грција и можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но не со референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега? Не згрешивме, ги направивме вистинските чекори во вистинското време. Можете да ги почитувате или не СДСМ и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или ДУИ и Ахмети и сите други партии, но Македонија мора да ја сакаме. Вашите ставови искажете ги на избори, но ова е референдум“, рече поранешниот пратеник Алил Џафероски.
Тој порача дека вистинска одлука е на 30 септември да се излезе и да се гласа „за“ бидејќи тоа е уште еден вистински чекор во вистинско време.
Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Михаил Пановски оцени дека Македонија нема да постигне подобар договор со Грција, ниту ќе има подобар премиер од Ципрас.
-Моето потекло е од Егејска Македонија, моите се од таму. Во граѓанската војна мајка ми ги изгуби братот и сестрата. Можам да кажам дека сите досегашни премиери во Грција се од онаа монархо фашистичка матрица што владее во Грција со години. Ципрас е единствениот премиер чија фамилија потекнува од демократската армија на Грција кои се бореа заедно со нашите претце, Грци и Македонци заедно, независно што биле комунисти. Убеден сум дека ваков договор Македонија не може да добие – додаде тој.
Меѓу пратениците беа првиот претседател на Собранието Стојан Андов, Петар Гошев, Тито Петковски, Васил Зимбаков, Мухамед Халили, Ѓулустана Марковска, Михаил Пановски, Исмет Рамадани и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

