Надворешна политика
Советот на ЕУ ќе донесе заклучоци по политичката состојба во Македонија
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во вторник во рамки на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ, по првпат ќе донесат заклучоци и во однос на политичката состојба во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Според документот со предлог-заклучоци што е донесен на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ-земјите во рамки на КОРЕПЕР-групата, а што го објавува МИА, во заклучоците за Македонија има четири параграфи, сите по предлог на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и се однесуваат на политичката криза во земјата.
Во првиот параграф, шефовите на европските дипломатии се очекува да ја повторат посветеноста на Унијата во рамки на Солунската агенда, како и на заклучокот на Самитот на Европскиот совет од 16-ти декември, минатата година и на потврдување на кандидатскиот статус на Македонија.
Според предлогот на службата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини пак, ЕУ исто така ќе изрази „длабока загриженост за влошената состојба во земјата, посебно во областа на владеење на правото, основните права и слободата на медиумите, како темелни демократски вредности кои се во срцето на политиката за проширување на ЕУ”.
Во вториот параграф за Македонија, Советот на ЕУ, според предлогот на ЕЕАС, треба да усвои дека „Советот ги повикува сите страни да превземат итни мерки кон одржлива состојба, да го рестартираат политичкиот дијалог и довербата во институциите, како и да ја истражат содржината на обвинувањата со целосно почитување на потребните процеси”.
„Одговорноста за ова лежи кај политичките лидери на земјата“, гласи поентата во овој заклуок на Советот на ЕУ за Македонија.
Потоа, Советот на Унијата во третиот параграф за Македонија треба да го поздрави медијаторството на членовите на Европскиот парламент во разговорите меѓу главната владејачка и опозициска партија и да ги повика двете страни „да покажат воздржаност и да се фокусираат во пронаоѓањето на решение на сегашната политичка криза”.
Реафирмирајќи ја потребата за продолжена посветеност на ЕУ и поканувајќи ги институциите на Унијата да известуваат редовно за прогресот на земјата во евроинтеграцискиот процес, вклучително и на гореспоменатите прашања, Советот останува вклучен во ова прашање и ќе се наврати на истото пред летото, се наведува во четвртиот и последен параграф од предлог-заклучокот на Советот на ЕУ за Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.