Скопје
Сите улици во Скопје проодни, скратени и исклучени неколку автобуски линии
Сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје, во среда (31.12), се проодни. Утрово поголем број автобуски линии функционираат на скратена траса, а неколку се целосно исклучени.
Екипите на зимската служба на Град Скопје во вторникот вечер го расчистуваа снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите.
„Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни и екипите на зимската. Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 120 тони сол“, соопшти Град Скопје.
Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса:
– 3 Кл. Центар(Панорама) – сп. Сала МЗТ (До пункт болница)
– 8 нас. Влае – Љуботенски Пат (до бутел пунктот)
– 11 Т.Центар – с.Рашче (До Свиларе)
– 12 Шишево – Скопски Саем (до Глумово)
– 47 Т.Центар – с.Љубанци (до црква Радишани)
– 47А Т.Центар – с.Љуботен (До љуботенски пат)
– 56 Т.Центар – с.Бојане (до расадник)
– 56А Т.Центар – с.Копаницa (до подвозник)
– 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До општина Сопиште)
– 58 Т.Центар – с.Брзовец (До Соње)
– 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Соње)
– 60 Т.Центар – Хец.Матка (До с. Глумово)
– 60 Т.Центар – Г.Матка (До касарна)
– 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом)
– 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково)
– 65 Т.Центар – с. Раштак (до Црешево)
– 65г Стајковци – с.Виниче (до Црешево)
– 65Б Т.Центар – Смиљковци (до Црешево)
– 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица (за Страхојадица до Зелениково)
– 71 Центар- с. Бањани (По коцката до Мирковци)
– 80а Драчево – с. Цветово (До Маркова Сушица)
Целосно не сообраќаат следните линии:
– Транспортен Центар – Милениумски Крст
– 81 Т.Центар – Чучер – Блаце
– 74 Т.Центар – Д. Количани,Г.Количани
Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Градот им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
Во периодот јануари – декември 2024 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година екопатролата реализира и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените црни точки – локации на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Повеќето од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општина Чаир секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (пластичарската улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до ‘Зегин’ на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ ‘Васил Главинов’) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), а во општина Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Скопје
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Ѓорче Петров и Карпош
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
„Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир. Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров“, посочија од ЈП Комунална хигиена Скопје.