Македонија
(Видео) Спасовски: Ги отворивме вратите на МВР за квалификуваниот кадар од областа на безбедноста
Во Министерството за внатрешни работи, согласно со нашите приоритети за кадровско, но и адекватно стручно екипирања на институцијата, по подолг период годинава се вработуваат триесетина ваши колеги, образувани и во вашата институција, убедени дека нивната стручна и образовна подготвеност ќе бидат важен инпут во севкупното поквалитетно работење на МВР, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на првиот академски час на Факултетот за безбедност.
„Со таквата политика во делот на кадровско и стручно надградување на Министерството за внатрешни работи ние нема да запреме туку напротив ќе продолжиме и во наредниот период“, потенцира Спасовски.
Од аспект на овие млади луѓе овде, додаде тој, коишто средношколските клупи денес ги заменуваат со академските амфитеатри, ова е почеток на нова, да се изразам послободно, образовна авантура, во којашто се нуди еден уште повисок степен на лична наобразба, култура и воспитание, што, пак, во подоцнежниот нивен живот ќе го претставува оној фундамент суштински во развојот на професионалниот живот и кариера. „На крајот сакам да го истакнам уверувањето дека многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

