Македонија
Парламентарното мнозинство е порасположено за избори наместо за убедување опозициски пратеници

Парламентарното мнозинство е порасположено за предвремени избори наместо да се водат преговори со опозициските пратеници и да се убедуваат да гласаат за уставни измени во согласност со договорот од Преспа. Охрабрени од повеќе од 600 илјади гласа „за“ на референдумот, некои од пратениците од владејачкото мнозинство за „Макфакс“ велат дека постои подготвеност уште веднаш, односно до крајот на неделата да се распишат избори, на кои очекуваат да освојат повеќе пратеници и да се загарантира двотретинско мнозинство во Собранието.
Другата опција за која се размислува е спроведување тајно гласање во парламентот, со заокружување гласачко ливче „за“ или „против“. Според Деловникот на Собранието ,тајното гласање може да се спроведе по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник, чие барање го поддржуваат десет пратеници. Со таквото гласање во јавноста се соопштува само резултатот од гласањето, а не и податокот кој пратеник како гласал. Двете алтернативи, сепак, ќе го чекаат исходот од преговорите што ги најави премиерот Заев со опозициските пратеници.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште немало никаква средба во ниту еден формат, а според нив, воопшто и нема потреба да се преговара за уставни измени бидејќи референдумот не помина и не треба да се прават понатамошни чекори кон легализација и вметнување на договорот во правниот систем.
За да почне постапката за уставни измени, на владејачкото мнозинство му недостигаат уште девет пратеници. Ако не успее да ги убеди, премиерот Заев најави предвремени парламентарни избори, а како можен датум го спомена 25 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.