Црна хроника
Ограбени две цркви во Галичник

Пари и икони се украдени од две цркви во Галичник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Непознат сторител во текот на викендов ограбил две цркви во Галичник. Од црквата Св. Петка украл две икони и 600 денари, а од црквата Св. Петар и Павле украл две икони.
Сторителот ги извршил кражбите на тој начин што со погоден предмет насилно ги отворил влезните врати на двете цркви.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан.
Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна жена со иницијали З.С. од овој град.
Таа починала од здобиените повреди од пожарот на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен е увид, а телото на почината е дадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол

Денеска (07.05.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје.
При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми итн..
А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 и 396 од КЗ, по итна постапка.
Црна хроника
Тешко повреден кичевец: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на шумски пат во атар на с.Лешница, општина Зајас, Р.И.(54) од с.Трапчин Дол, кичевско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата, Р.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.