Контакт

Европа

Москва: Заклучоците на обвинителството за MH17 ја потврдуваат пристрасност на истрагата

Објавено пред

Наодите на канцеларијата на холандскиот обвинител за истрагата за уривањето на малезискиот патнички авион на летот MH17 во летото 2014 година во близина на украинско-руската граница, ја потврди пристрасноста на истрагата, возврати во средата руското министерство за надворешни работи. 

dobivaj vesti na viber

„Произволното посочување на виновникот и измислувањето на саканите резултати од истрагата се претворија во правило за нашите западни колеги….“, се вели во коментарот на портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова, пренесува агенцијата РИА.

Претходно во средата холандското обвинителство ги објавија долго очекуваните резултати од истрагата за тоа кој е одговорен за соборувањето на патничкиот авион над источна Украина во 2014 година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Ракетниот систем „Бук“ е довезен во селото Первомајск и од него е истрелана една ракета, по што е вратен во Русија, заклучил Заедничкиот истражувачки тим предводен од холандските иследници, јави агенцијата Reuters.

Во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва дала исцрпна информација за трагедијата на малезискиот патнички авион.

Според Захарова, правејќи ја Украина членка на Заедничкиот истражувачки тим, ѝ дало можноста да доставуваат материјали кои делото ќе го свртат во полза на тврдењата на Киев.

„Русија од почетокот предложи заедничка работа и потпирање само на фактите. Наместо тоа, меѓународните иследници ја отстранија Москва од целосното учество во истражниот процес, давајќи им на нашите напори второстепена улога“, додава Захарова.

Израсува притоа надеж дека откако „руската страна ги предаде“ во заедничката истражна група за MH17 „неоспорните докази, како што се првите радарски податоци, а на секој стручњак му е јасно дека тоа без ваквиот најосновен доказ, ситуацијата се менува“.

„И конечните заклучоци на истрагата, за разлика од прелиминарните, се претвораат во објективна вистина и, во крајна линија, укажуваат на вистинските виновници за трагедијата“, заклучува портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

Холандија кон средината на октомви 2015 година ги објави заклучоците од истрагата за падот на авионот „Malaysia Airlines“ на летот MH17 од Амстердам до Куала Лумпур, во која се утврдува дека леталото било соборено од проектил од системот „Бук“, но во него не се лоцира вината. А се истакнува дека била истрелана од територија која наводно била под контрола на рускојазичните бунтовници. Таа истрага Холандија ја водеше со експерти од неколку со неколку земји, меѓу кои САД, Украина, Малезија, Австралија и Русија, но која е незадоволна од соработката во текот на истрагата.

Лани, исто така, и рускиот концерн за оружје „Алмаз-Антеј“ во Москва ги претстави резултатите од своето вештачење, особено за типот ракета со кој бил соборен авионот, кое делумно се совпадна со холандскиот извештај. Но концернот тврди дека таквиот тип ракета Русија одамна не поседува и тврди дека го лоцирала точното место од кое е истрелана, и оти во тој период тоа било под контрола на силите лојални на Киев.

Нејзиниот претставник уште тогаш објави дека „Русија целосно ги отфрла тие заклучоци, бидејќи сосема се неточни“. „За жал, нашето учество во таа истрага беше сведено на информациите на коишто тие сакаат да ни ги дадат“, објави концернот чиј претставник искажа уверување дека некои докази се лажирани и дека холандските истражители „сокриле важни податоци“.

„Извештајот е многу нелогичен и холандските одговори се неосновани, пристрасни и не се поткрепени со факти, и служат само да се поткрепи нивната верзија“, истакнаа ланскиот отковмри од „Алмаз-Антеј“.

Претставниците на оваа компанија на почетокот од јуни 2015 година прецизираа дека според траекторијата проектилот дошол од територијата којашто во моментот била под контрола на силите лојални на прозападните власти во Киев. „Докажавме дека противвоздушната ракета којашто го соборила авионот Boeing над Украина, исклучиво би можела да биде од типот 9М38 комплексот ‘Бук’, истрелана од областа на селото Зарошченско. Последната таква ракета била изработена во Советскот сојуз во 1986 година“, соопшти тогаш претствник на специјалната прес-конференција во Москва.

Според него, крајниот и безбеден рок за овој тип проектили, вклучително и со сите надградби, изнесувал 25 години, по што тие биле повлечени од вооружувањето на руската армија.

„Двата последни експеримента покажаа дека во доколку Boeing-от би бил погоден со современата ракета 9М38М1 авионот би претрпел голем број значителни оштетувања во ткн вид на ‘пеперутка’, но од 7.000-те фрагменти секој четврти е со најголема кинетичка енергија“, изјавиl генералниот директор на концернот производител на системот „Бук“ притоа пред новинарите детално објаснувајќи го симулирањето на трагичниот лет и истрелувањето на евентуалниот проектил според документацијата фотографиите и карактеристиките на оштетувањата на остатоците од авионот од меѓународната истрага.

Резултатите од своето истражување од „Алмаз-Антеј“ на крајот од мај ги предале на меѓународната комисија за истражување на падот на авионот на летот МH17 од Амстердам за Сиднеј, но истакнаа дека се сомневаат дали тие ќе бидат земени предвид.

Како резултат на анализата во првата фаза во „Алмаз-Антеј“ решиле две задачи: прецизиран е типот ракета, според тоа е ракета (М38М1 со боева глава 9М314, како и дефинирање на условите на контактот на ракетата со авионот – ракетата се приближувала во пресек на курсот во хоризонтална рамнина 72 до 78 степени, во вертикална 20-22 степени. Најверојатна област од каде што би можел да биде истрелан проектилот, тоа е областа околу селото Зарошченско контролирано во времето на трагедијата од украинските владини сили.

Инженерите на концернот за да го одредат типот проектил кој наводно го погодил авионот, „спроведоа темелна анализа на оштетувањата на надворешната каросерија и моќноста на рамката од авионот, како и оштетени делови доставено на меѓународната комисија земени од различни елементи на конструкцијата на авионот“, се истакнува во соопштението на „Алтај-Алмаз“. Притоа се истакнува дека „беа анализирани не само формата, туку и општиот карактер на оштетувањата“.

Специјално биле ангажирани експертите кои го истражуваа падот на рускиот патнички авион „Ту-154“ со 78 израелски туристи кој во 2001 година над Црното Море го соборија украинските противвоздушни сили.

Несреќата на авионот на 17-ти јули 2014 година во Донецкиот регион е една од најголемата воздухопловна катастрофа во светот во изминатата 2014 година, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, а околностите уште се обвиени со голема мистерија што навистина се случило. Постојат повеќе контрадикторни изјави од меѓународни експерти и политичари.

Украина и САД тврдат дека малезискиот авион е соборен со систем кој бунтовниците им го дала Русија, додека Москва понуди сателитски и радарски снимки според кои таков систем „Бук-М“ на украинската армија бил распореден во зоната на судирот, како и дека авионот бил пресретнат од украински борбен авион../крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

Објавено пред

Украина работи на обезбедување испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН.

dobivaj vesti na viber

„Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментно работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде и дека САД ќе ѝ продадат системи „Патриот“ на Украина. Украина мора да најде средства за сите десет системи.

„Трамп, претседателот на САД, ќе ни ги пренесе системите, ќе ни ги продаде. Наша задача е да најдеме пари за сите десет системи. Би сакале веднаш да имаме пакет ракети за секој систем“, истакна претседателот.

Тој исто така истакна дека Германија моментно ја потврдила испораката на два система „Патриот“, а Норвешка – еден.

„Официјално добив потврда од Германија за два система, од Норвешка – еден. Сега работиме со холандски партнери“, додаде Зеленски.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Макрон тужи американска конзервативка, која тврди дека Брижит е маж

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит поднесоа тужба против Американката Кандис Овенс поради тврдење дека првата дама на Франција е, всушност, маж.

dobivaj vesti na viber

Тужбата е поднесена во американската држава Делавер и содржи 22 точки од обвинението, а двојката бара парична отштета за клевета и отштета.

Кандис е конзервативна авторка, водителка, политички коментатор и активистка. Таа е позната по својата активна поддршка на Трамп за време на неговиот последен мандат. Сепак, неодамна јавно се дистанцира од него. Таа постојано изјавуваше дека тој ја разочарал и дека сега „се срами што некогаш го поддржувала“. Таа ги критикува неговите политички потези и го обвини дека ги предаде принципите што тој вети дека ќе ги брани.

Според адвокатот на Макрон, Том Клер, францускиот претседател и неговата сопруга повеќе од една година безуспешно се обидуваат да ја спречат Овенс, која шири теории на заговор за Брижит на социјалните медиуми и на „Јутјуб“.

Во март оваа година Овенс објави видео со наслов „Дали првата дама на Франција е маж?“, кое беше масовно споделувано на платформата „Икс“. Во него таа тврдеше дека тоа е „најголемиот политички скандал во историјата“.

Потоа таа продолжила да објавува содржини за Брижит вклучувајќи серија видеа наречени „Станувајќи Брижит“. Таа исто така продавала маички со слогани што ја промовираат теоријата, според тужбата. Емануел и Брижит тврдат дека Овенс била повеќе пати замолувана да престане да ги изнесува овие тврдења и ѝ дале докази дека Брижит е родена како жена по име Брижит Троње, дека не е во роднинска врска со Емануел Макрон и дека тие не се под никакво влијание, како што инсинуира Овенс.

„Ова не е само политички удар. Ова е лично. И двајцата се човечки суштества, имаат брак, семејства и чувства. И ова ги засега“, изјави адвокатот Клер за Си-ен-ен.

Во тужбата се тврди дека Макрон и неговата сопруга претрпеле сериозни штети – нивната приватност, углед и деловните можности биле нарушени. „Секојпат кога ќе ја напуштат куќата, тие знаат дека многу луѓе веруваат во овие лаги. Тоа е понижувачки, инвазивно и, едноставно, неправедно“, се вели во документот.

Овенс сè уште продолжува
Кога дознала за тужбата, Овенс се појавила на „Јутјуб“. Таа објавила видео, во кое, меѓу другото, рекла дека е подготвена да ја добие оваа војна. „Мажот Брижит очигледно има многу храброст“, рекла таа.

Таа исто така објави фотографија од двојката Макрон на „Инстаграм“ со порака: „Денес ќе ја земам оваа перика. Останете со мене“. Подоцна, на „Јутјуб“ изјави дека тужбата е „очаен обид да се спаси нејзиниот имиџ“.

Брижит Макрон се соочила со слични обвинувања и претходно – во 2022 година таа тужеше две жени во Франција, кои ширеа слични дезинформации. Првично ја доби пресудата, но случајот сега е вратен на повисок суд.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Објавено пред

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата.

dobivaj vesti na viber

Остатоците од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. SHOT објаснува дека хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.

„РИА новости“, повикувајќи се на извори, пишува дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.

Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца и шест члена на екипажот.

Министерството за вонредни ситуации го процени бројот на луѓе во авионот малку помал, на 40-ина.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија2 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized3 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија6 часа

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија18 часа

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија18 часа

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија20 часа

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ22 часа

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија1 ден

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ1 ден

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија1 ден

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија1 ден

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија1 ден

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија1 ден

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија1 ден

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија1 ден

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ1 ден

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет1 ден

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....