Скопје
Реконструирани четири детски игралишта во “Градски Ѕид“

Општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски Ѕид.
Платформите се врзани меѓу себе со мостови и скалила, а лизгалките се со различна големина, во зависност од возраста на децата. Игралишта се изведени со гумени подови, кои воедно се хигиенски и лесно се чистат.Игралиштата се поставени во блок бр. 5 – Индијанско маало, блок бр.4 – зад “Просветно дело“, блок бр.3 – зад хотел “Бристол“, во близина на ООУ “Гоце Делчев“ и блок бр.2 – зад “Автомакедонија“. Поставена и дополнителна урбана опрема – клупи и канти за отпадоци.Наредни игралишта кои ќе добијат нови реквизити, современ под и ќе бидат во весели детски бои се игралиштата во Пролет, на улицата “Цицо Поповиќ“ и кај Т.Ц. “Зебра“ во Капиштец. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)