Политика
Груевски: Борбата за Македонија никогаш нема да престане, идеалите за слобода и независност ќе останат вечни
„Деновиве бележиме 25 години од историскиот момент кога граѓаните на Република Македонија масовно излегоа и гласаа за сопствена независна држава. Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8-ми Септември 1991-та година, датум кој покрај двата историски Илиндени засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест. Нашата генерација веќе четврт век го живее сонот на бројни македонски дејци и херои. Сон кој истовремено е и аманет за нашата и за идните генерации да продолжиме да ја градиме Република Македонија како стабилна и просперитетна држава“, стои во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод 8-ми Септември – Денот на независноста.
„Деновиве бележиме 25 години од историскиот момент кога граѓаните на Република Македонија масовно излегоа и гласаа за сопствена независна држава. Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8-ми Септември 1991-та година, датум кој покрај двата историски Илиндени засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест. Нашата генерација веќе четврт век го живее сонот на бројни македонски дејци и херои. Сон кој истовремено е и аманет за нашата и за идните генерации да продолжиме да ја градиме Република Македонија како стабилна и просперитетна држава“, стои во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод 8-ми Септември – Денот на независноста.
„Нашата држава во минатото се соочи со бројни предизвици. Без разлика дали биле помали, или огромни за една млада демократија како нашата, Македонија пред нив застана исправено и одговори на сите до еден. Уште на самите почетоци беа оспорувани нашите одбележја, нашата химна, знаме, име, валута, армија полиција, беше оспорувана способноста Македонија да биде самостојна одржлива држава. Не ги оспоруваа само некои од земјите од соседството, туку и некои од нашите сограѓани кои во тие историски моменти не влегоа со целото срце во битката за независност“, вели Груевски.
„За овие 25 години покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава. Ги демантиравме сите оние кои не веруваа во идејата за независна Македонија. Без оглед на сите предизвици со кои се соочи и со кои се соочува, Македонија од нив излезе посилна и пообединета. Така ќе биде и сега и во времето кое доаѓа. Тоа е нашиот завет, тоа е нашата борба. И таа борба, борбата за Македонија, нема никогаш да престане“, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој 8-ми Септември посакувам да биде дополнителен мотив заеднички и обединети да ги пребродиме и овие предизвици пред кои сме исправени. Но и да биде потсетување на светата обврска која ја имаме и кон оние пред нас и кон оние кои доаѓаат, да бидеме обединети во националните интереси и да го чуваме идеалот за независна Македонија. Бидејќи само обединети можеме да ја носиме нашата земја во новото време со сите предизвици и ситуации кои времето ги носи со себе. Нека 8-ми Септември остане силно врежан во нашиот национален код и нека продолжи да биде светилникот на историската визија за благосостојба, хармонија, соживот и разбирање на сите народи и етнички заедници во Република Македонија. Нека идеалите за слобода и независност останат вечни. Нека е вековит празникот 8-ми Септември, Денот на независноста! Нека е вечна Република Македонија!“, вели Груевски во својата честитка по повод Денот на независноста./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.
Македонија
Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став
Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.
Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.
„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество? Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен
социјаладемократ? Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори. Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.
„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија
е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав. Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став. А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на
добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.
Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.
„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.
„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.