Македонија
Светскиот македонски конгрес бара вештачење на избирачките списоци од 22 места
Светскиот македонски конгрес побара од Државната изборна комисија да изврши вештачење на Избирачките списоци на 22 места каде главно живее албанско население.
„Набљудувачката мисија на СМК констатира дека одѕивот на референдумот е 22 отсто, а бројот до 36,9% е резултат со полнење кутии од вооружени банди и партиски членови во населените места каде што мнозинството се Албанци, Турци, Роми и Македонци со исламска вероисповед“, рече претседателот на СМК, Тодор Петров.
Тој истакна дека резултатите од референдумот за промена на името на државата ги сметаат за фалсификат. Додаде дека СМК и натаму отфрла промена на Уставот и ратификацијата на договорот со Грција заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата.
„Во согласност со членот 19 од Законот за референдум, за иста одлука, со истите прашања, Собранието не може да гласа пред истекот на рокот од две години, од денот на одржаниот референдум“, додаде тој.
СМК поднел и приговори до ДИК за нерегуларности за време на гласањето на референдумот, но оттаму не добиле повратен одговор.
Петров бара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министрите и пратениците кои гласале за договорот со Грција и за одлуката за распишување на референдум, поради сторени кривични дела против државата и нацијата. СМК, исто така, бара и конфискација на личниот имот на нивните семејства, во Македонија и светот.
„Бараме оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи на 30 септември го блокира влезот на десетици автобуси од провинцијата на наплатните рампи во Скопје, со 2 до 3 часа детален претрес на патниците со образложение дека бараат оружје и бомби“, рече Петров.
Координативното тело против референдумот протестира и против директорот на ЕВН, Митре Казанџиевски, за кој велат дека поради политички побуди, не одобрил приклучок за струја за бината пред Собранието на прославата по референдумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

