Црна хроника
Приведена 24-годишна девојка, поминала на црвено па се расправала со полицајка
Дваесет и четиригодишна девојка е приведена откако поминала на црвено, па потоа навредувала полицајка. Според полицијата, вчера околу 14:40 часот во Скопје полициски службеници ја привеле А.К.(24) од Скопје.
Неколку минути претходно таа извршила кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На паркинг-простор на улица Крушевска република полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К., која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло.
Девојката не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала. Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.