Црна хроника
Гостиварец починал пред столарска работилница
Гостиварец починал пред столарска работилница, каде што му се слошило. Според полицијата, вчера во 12:20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 12 часот во Гостивар пред столарска работилница на улица Васил Василески, сопственост на Љ.М.(75), починал Л.К.(63) од Гостивар.
Тој, според пријавеното, дошол да земе отпаден материјал од обработката на дрвата, му се слошило и починал. Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Црна хроника
Судир меѓу две возила на „Цветан Димов“, скопјанец е тешко повреден
Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила во Скопје.
– На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.