Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка во делчевско

На место викано „Баткова чешма“ атар на село Драмче, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(33) од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.К.К.(21) од Р.Бугарија.
Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото “Ауди” В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.