Македонија
(Видео) Беса бара уставни измени за правата на Албанците ако се гласа за договорот со Грција

Ако дојде до отворање на уставните промени, „Движењето Беса“ со кое раководи Биљал Касами, најави дека ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија, како втора по големина етничка заедница.
„Сметаме дека е историски момент, ако се отвори прашањето за уставните промени, Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози за унапредување на уставните права на Албанците, како втора по големина етничка заедница во Македонија“ рече претседателот на партијата Абдуш Демири.
Тој нагласи дека не се условени уставните промени, но кога ќе дојде до отворање на уставните промени, нивните пратеници ќе дале конкретни предлози за конкретни промени.
Од партијата категорично ја отфрлаат можноста за коалиција со СДСМ на предвремените парламентарни избори и сметаат дека секоја коалиција со СДСМ со било која албанска партија, без да ги заокружува уставните права на Албанците како еднаков народ, би била штетна за интересите на Албанците.
Од Беса апелираат до сите алабнски политички партии во земјата, преку политички дијалог да ги координираат прашањата кои се од национален интерес на Албанците.
Од партијата порачаа дека се отворени за сосработка со сите албански политички сили, невладини организации и интелектуалци, кои се залгаат за унапредување на правата на Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека до половина час а на Богородица и Дојран до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На Велики Петок, на најтешкиот ден во Христијанството, СДС продолжува со тешки лаги и клевети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС е партија, каде Филипче ја чува фотељата на главниот шеик Заев, додека ги размножува милионите во Дубаи.
СДС да не прави политика од рецидивите на катастрофата која ја оставија“, порачуваат од партијата на власт.
Покачените плати, најавуваат, ќе бидат исплатени во вторник.
Македонија
Кога културното наследство ќе стане бизнис план, тоа веќе не е култура, туку пазар, велат од СДСМ

Министерот за култура, Зоран Љутков, сериозно предложи културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да се третираат како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност, велат од СДСМ.
Според нив, ова не е незнаење. Тоа е опасна идеологија и не смее да помине тивко.
„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење.
Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа.
Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија“.
Културното наследство, како што додаваат од опозициската партија, не е само трага од минатото, тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест.
„Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои.
Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете.