Спорт
(Видео) Нурмагомедов го „задави“ Мекгрегор, па предизвика нереди во Лас Вегас!
Хабиб Нурмагомедов го натера Мекгрегор да го „крене белото знаме“ и да се предаде во четвртата рунда со давење, за да го забележи најдобриот момент во својата кариера, по што Русинот го уништи тоа со предизвикување на нереди во „Т-Мобиле арената“ во Ла…


Хабиб Нурмагомедов го натера Мекгрегор да го „крене белото знаме“ и да се предаде во четвртата рунда со давење, за да го забележи најдобриот момент во својата кариера, по што Русинот го уништи тоа со предизвикување на нереди во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас.
Во најголемиот меч во историјата на УФЦ, непоразениот руски шампион стигна до одлична победа, по што ја направи и најголемата глупости во кариерата. Нурмагомедов не беше задоволен да покаже дека е најдобриот фајтер во арената на УФЦ 229, и наместо финишот да го комплетира со доминација, тој реши победата да ја прослави на чуден начин.
Conor McGregor taps! Khabib Nurmagomedov is still UFC lightweight champion! #UFC229 pic.twitter.com/V9Dp9D5fvh
— Ryan Songalia (@ryansongalia) October 7, 2018
Прво тој го „караше“ Мекгрего во октагонот, потоа ја фрли заштитата за забите кон аголот на Ирецот, по што реши да влезе во публиката и да тргне кон тренинг партнерот на Мекгрегор, Дилон Денис, по што настана вистински хаос во кој членовите на двата тима почнаа да се тепаат.
Тренинг партнер на Нурмагомедов ја прескокна оградата и го удри Мекгрегор одзади, додека организаторите се обидуваа да го смират хаосот, а претседателот на УФЦ, Дејна Вајт се обидуваше да ги смири сите. Кога судијата го прогласи победникот, двајцата не беа во рингот, а немаше ниту презентација на појасот, кој останува кај Нурмагомедов, кој сигурно ќе добие голема казна за предизвикувањето на хаосот.
The aftermath to the Conor McGregor and Khabib Nurmagomedov fight pic.twitter.com/0Me7M3SrfG
— Troydan (@TroydanGaming) October 7, 2018
After defeating Conor McGregor, Khabib Nurmagomedov jumped out of the octagon and a brawl ensued
? @AndreasHale pic.twitter.com/QTRgnOpiqU d
— SB Nation (@SBNation) October 7, 2018
Insane! Khabib Nurmagomedov attacking Conor McGregor’s corner after submitting the Irishman in the fourth round of #UFC229
Crazy scenes in Las Vegas. pic.twitter.com/L50234YkIQ
— bettingexpert (@bettingexpert) October 7, 2018
Пред да се случи хаосот, во рингот имаше еден победник. Мекгрегор направи притисок на почетокот на мечот и имаше убав удар, но Нурмагомедов го прати на подот уште во првата минута. Мекгрегор беше бргу на нозе, но во финишот на првата рунда, Русинот имаше посериозни удари. Нурмагомедов и во втората рунда го прати Мекгрегор на подот со силен удар со десницата и беше апсолутен победник на втората рунда.
Во третата рунда, Мекгрегор сфати дека мора да оди поагресивно и го бркаше Нурмагомедов во рингот, но Русинот беше ефикасен во избегнувањето во најслабата рунда. Во четвртата рунда, беше јасно дека Нурмагомедов води кај судиите, и Мекгрегор мора да најде начин да оди на нокаут. Но, тоа не беше можно, Нурмагомедов повторно го прати на подот пред да го комплетира мечот.
Pandemonium breaks out at #UFC229 as Khabib Nurmagomedov goes after Conor McGregor’s team (@allelbows) pic.twitter.com/NmxTaCQA1b
— MMAFighting.com (@MMAFighting) October 7, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борнмут и Ливерпул го договорија трансферот на Керкез

Милош Керкез, унгарски фудбалер од српско потекло, го договори трансферот во Ливерпул.
Борнмут од трансферот ќе заработи 40 милиони фунти.
Во следните неколку дена, Керкез ќе треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со „црвените“.
Керкез ќе биде трето засилување за Ливерпул, откако клубот ги договори Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.
Милош Керкез одигра 38 натпревари за Борнмут минатата сезона, постигна два гола и забележа пет асистенции.
Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, го донесе Керкез од АЗ Алкмар за околу 18 милиони евра во 2023 година, кога тој ја извршуваше таа позиција во Борнмут.
Спорт
29-годишник ќе ја предводи Парма

Италијанскиот фудбалски клуб Парма назначи нов тренер, откако Кристијан Киву ја напушти клупата за да го преземе Интер.
Нов тренер на познатиот клуб е шпанскиот стручњак Карлос Куеста, кој потпиша двегодишен договор.
Станува збор за 29-годишник кој стана најмладиот тренер во историјата на Серија А и моментално најмладиот главен тренер во една од петте најсилни европски лиги.
Куеста ја започна својата тренерска кариера во 2014 година како 19-годишник во Атлетико Мадрид, каде што беше асистент во тимот до 17 години.
Од 2018 до 2020 година, тој беше асистент во тимот на Јувентус до 17 години, а во последните пет години беше помошник тренер во Арсенал, а Микел Артета го научи практично сè што знае за тренерската работа.
Парма моментално има пет играчи кои се постари од тренерот, а најискусен меѓу нив е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Милан Ѓуриќ (35).
„Млекарите“ ја завршија претходната сезона на 16-то место.
Спорт
Кеј-Ди стана малцински сопственик на ПСЖ

Славниот американски кошаркар Кевин Дурант, преку својата компанија, стана малцински сопственик на актуелниот шампион на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.
Компанијата на Дурант „Boardroom Sports Holdings, LLC“ склучи договор со мнозинскиот сопственик на клубот, Катарскиот инвестициски фонд (QSI), за соработка и инвестиции во Пари Сен Жермен.
Еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња веќе некое време ги поддржува Парижаните на различни начини, тој е чест гостин на натпреварите, а соработката сега е подигната на повисоко ниво.
„Преку ова партнерство, Дурант, преку „Boardroom“, ќе стекне директен малцински удел во клубот“, се наведува во соопштението на клубот.
Исто така, претходно оваа недела, компанијата во мнозинска сопственост „Qatar Sports Investments“ и „Boardroom Sports Holdings“ потпишаа договор за купување акции и стратешко партнерство, со што се формализира директниот влез на Дурант како малцински акционер во ПСЖ.
Ова партнерство, според соопштението, вклучува широк спектар на комерцијални, инвестициски и иницијативи за производство на содржини.