Црна хроника
Ограбени куќи во Свети Николе и кумановско Лопате
Арамија во саботата украл околу 50.000 денари, 170 евра, два мобилни телефони, два фотоапарати, еден лаптоп компјутер од куќа на ул.„Првомајска“ во Свети Николе, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 80.000 денари.
Истиот ден, во кумановското село Лопате непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел поголема количина златен накит стекнувајќи се со противпрвна имотна корист од околу 500.000 денари. Имено сторителот со употреба на тврд алат делувал на прозорецот, влегол внатре, извршил пребарување ги одзел наведените работи и побегнал.
Во истотот село во друга куќа арамија одзел поголема количина златен накит и пари во вредност од 6.000 денари во разни апоени, при што се стекнал со противпрвна имотна корист од околу 260.000 денари.
Во сите три слуачаја полицијата трага по сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата им ги зема возачките дозволи на 5 возачи кои управувале автомобили под дејство на алкохол
На 25/26.05.2024 година од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Црна хроника
Приведен маж од Неготино, ја вознемирувал поранешната партнерка
Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
Вчера во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.