Македонија
(Видео) Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство, рече Вељаноски и ја напушти салата
„Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство“, му порача експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на премиерот Зоран Заев и ја напушти салата на Комисијата за уставни прашања. Тој рече дека тесен владин круг брзал да склучи штетен договор со Грција, без да ги вклучи опозицијата и експертите.
„Наместо за повисоки плати и пензии, Владата реши да се занимава со менување на Уставот и името на државата. Договорот со Грција овој тесен владин круг го претставува како национален интерес, но тоа бара консензус, а ни еден опозициски пратеник или коалиција не беше вклучен во тие тајни преговарања. Пред да се потпише договорот немаше ниту јавна дебата, експерти, па дури и претседателот на државата беше исклучен од преговорите и потпишувањето на штетниот договор со Грција. Со тоа ги потценија граѓаните. Наместо консензус, создаде поларизација на граѓаните. Создаде чувство на потчинетост на друга држава и дека е туѓо решение“, рече Вељаноски.
Тој додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.
„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлагање народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е имепратив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот. Слободно продолжете во благопријатна атмосфера ако сакате, ама да знаете дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, додаде тој.
Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и некои од нив се јавија за реплики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

