Европа
Путин повика на итен прекин на непријателствата во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неопходно многу брзо да запрат воените дејствија во Украина за да се обезбеди подготовка на целото население за претстојната зима. Рускиот челник ја даде изјавата во интервјуто емитувано во неделата на првата програма на државната телевизија во кое се осврна и на односите со украинскиот претседател Петро Порошенко и на кризата во односите со Европската унија и САД.
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неопходно многу брзо да запрат воените дејствија во Украина за да се обезбеди подготовка на целото население за претстојната зима. Рускиот челник ја даде изјавата во интервјуто емитувано во неделата на првата програма на државната телевизија во кое се осврна и на односите со украинскиот претседател Петро Порошенко и на кризата во односите со Европската унија и САД.
„Според мене, освен Русија за тоа веќе никој не размислува. Првиот и основен услов е прекинот на непријателствата и итно започнување на обновување на инфраструктурата. Треба да започне подготвувањето на неопходните резервите, да се спроведат потребните поправки, да се регулира функционирањето и да се изврши подготовка за есенско-зимскиот период“, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Покрај тоа, Путин ги повика украинските власти да започнат преговори за политичката организација на тамошното општество во југоисточните региони, каде што инаку е мнозинско рускојазичното население. „Неопходно е да бидеме посветени на спроведување на планот за којшто се договоривме“, рече рускиот челник.
„Веднаш треба да се започне со суштински преговори, а не за технички прашања, туку за прашањата за политичкото организирање на заедницата и државата во југоисточниот дел од Украина за безусловно да се обезбедат законските интереси на населението кое таму живее“, истакна Путин.
Според него, украинската криза станала лекција за сите, вклучително и за западот, во иднина сличните прашања што се појавуваат да бидат решавани на мирен начин.
Во врска со разговорите во белоруската престолнина Минск претходно седмицава на самитот на Царинската унија, Украина и Европската унија и неговиот повеќе од двочасовен разговор со украинскиот колега Петро Порошенко зад затворени врати, Путин вели дека било договорено ситуацијата во Украина да биде решена мирно, по пат на преговори, а грешките како што се насилните заземања на власта никогаш да не се повторат.
„Сметам дела ова е многу добар урок за сите нас, за тоа дека оваа трагедија мора да се заврши што е можно поскоро, по мирен и по пат на преговори, и за тоа патем се согласивме со (украинскиот претседател Петро Алексеевич (Порошенко) , како и за тоа никој никогаш да не повтори такви грешки, како што беа направени во Украина, за време на вооруженото преземање на власта (во февруари кога беше соборен претседателот Виктор Јанукович – з.р). Тоа е првичната причина на она што сега се случува“, вели Путин.
„Она што сега се случува во Украина, според мене, е апсолутно природна реакција на луѓето коишто живеат таму и се борат за своите права. Тие први не посегнаа по оружјето“, потсети рускиот челник и додаде дека „Тоа е резултат на драматичниот развој на внатрешно политичката ситуација, и неопходно е да се почитуваат нивните легитимни права“.
Според Путин, „кога против луѓето ќе се користат лансери на проектили, тешко дека може да се очекува дека тие ќе седат со скрстени раце и ќе чекаат да бидат испоубиени“.
„Треба да се има предвид дека Русија не може да остане рамнодушна на тоа дека луѓето се гаѓаат насекаде“, рече Путин појаснувајќи дека има предвид „не раководството на земјата, туку рускиот народ“.
„Соодветната реакција, во крајна линија, е неизбежна, бидејќи таму живеат роднини и пријатели (…) и сите кои се инволвирани во планирањето на тоа на Западот или во други земји, мора да бидат барем еден чекор понапред и да ги пресметаат последиците од тоа што го прават“, порача Путин.
Рускиот претседател, исто така, рече дека е задоволен од средбата со украинскиот колега. „Средбата беше многу добра, така ми изгледа, тој е сосема искрен. Петро Алескеевич, според мене, е партнер со кој може да се води дијалог“, оцени. „Но, се разбира, ние би сакале сé, за што се договоривме, да биде заживеано“, рече Путин.
Сепак, рускиот претседател не очекува брзо завршување на украинската криза, бидејќи во соседната земја наскоро ќе започне предизборната кампања. „Проблемот е во тоа што земјата влегува во предизборен циклус и сите учесници во парламентарната трка веќе сакаат да ја демонстрираат својата крутост“, појасни Путин.
„Сите сакаат да покажат дека тие се силни девојки и момци, и во таквите околности, во услови на разгорување на политичката борба, тешко е да се смета дека ќе се најдат луѓе кои јасно и доследно ќе ја искажат својата позиција во потрагата по мирно а не воено решение на проблемот“, рече рускиот челник и додаде дека Москва „сепак, се надева на најдоброто“.
Притоа Путин одби да дава предвидувања за тоа како ќе се надмине кризата во Украина. „Тоа во голема мера зависи од политичката волја на сегашното украинско раководство“, рече.
Во однос на заострените односи со Западот, претседателот на Русија рече дека западните земји коишто ја поддржуваат воена операција во југоисточните рускојазични региони на земјата, треба да се потсетат на европските демократски вредности.
„Во што се состојат ткн европски вредности“, запраша Путин, истакнувајќи дека украинските вооружени сили директно ги гаѓаат градовите во југоистокот.
„Поддржувањето на државниот преврат, вооруженото преземање на власта и потиснување на несогласувањата со помош на вооружените сили, тоа ли се современите европски вредности?“, повтори Путин, одговарајќи на прашањето за реакциите на американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел.
„Мислам дека нашите колеги мора да ги потсетиме на сопствените идеали“, рече Путин. Порача дека оние коишто сметаат дека бунтовниците кои се подложени на гаѓања нема да дејствуваат „им робуваат на некакви илузии“./крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

