Европа
Франција го уапси сатиричарот Дјудоне поради славење на тероризмот
Контроверзниот француски сатиричар и полемичар Дјудоне М’бала М’бала, роден во Франција од татко Камерунец и мајка Французинка, полицијата го притворила во средата во рамките на истрага за ткн „славење на тероризмот“ по нападите од минатата седмица кои ја потресоа Франција, пренесува AFP повикувајќи се на судски извори.
Француските правосудни органи отвориле во понеделникот истрага откако Дјудоне изјави дека се „чувствува како Шарли Кулибали“, поврзувајќи го името на напаѓачот амеди Кулибали, кој во еврејската продавница за кошер храна во Париз минатиот петок уби четири заложници пред да биде ликвидиран од полицијата, а се сомничи дека претходниот ден ја уби сообраќајната полицајка во квартот Монруж, со слоганот „Јас сум Шарли“, под кој деновиве се протестира откако браќата Саид и Шариф Каши минатата среда во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo убија 12 луѓе поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.
Во постот на Facebook, кој подоцна беше отстранет, Дјудоне напиша дека учествувал во историскиот марш во неделата во Париз во чест на жртвите на тероризмот нарекуајќи го „волшебен момент кој може да се спореди со Големиот тресок“. „Знајте дека вечерва, што се однесува до мене, се чувствувам како Шарли Кулибали“, додаде.
Дјудоне властите во Франција веќе претходно го осудуваа поради антисемитизам и провокации.
Обвинителството во Париз отвори истрага поради истото кривично дело „славење на тероризмот“ на почетокот од ланскиот септември по објавувањето на видео снимките во кој Дјудоне иронично приговараше за обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.