Контакт

Македонија

СЈО отвори нова истрага „Поштенска банка“ – 9 се осомничени, за тројца се бара притвор

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

dobivaj vesti na viber

Наредбата за спроведување на истражна постапка опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ и со истата се опфатени девет лица и тоа – Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.

На сопствениците на овие правни лица, на Томе Главчев и Ратко Димитровски им било кажано дека во основањето на Банката нема да учествуваат со сопствени средства, туку со пари кои ќе ги обезбедат од кредити. Планот бил основањето на „Поштенска банка“ да не биде со средства на осомничените, туку со средства од други извори, што е спротивно на Законот за банки.

Согласно добиените насоки од наведените владини функционери, осомничените Томе Главчев, сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и Ратко Димитровски, сопственик на „Европа 92“ Кочани, со кредити подигнати од три банки, ги уплатиле основачките влогови во „Поштенска банка“, по што осомничениот Коле Смилевски, како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје, овозоможил кредитирање на правните лица „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и „Европа 92“ Кочани и правни лица поврзани со нив. Сите средства добиени од кредити од „Поштенска банка“ се слеале на сметките на овие две правни лица и се искористени за враќање на првобитните кредити.

Станува збор за индиректно кредитирање на основачките влогови со средства од банката која се основа, што е спротивно на Законот за банки и преставува кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Воедно, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, искористувајќи ја нивната позиција во „Поштенска банка“, издејствувале осомничениот Коле Смилевски да овозможи одобрување на повеќе кредити на правните лица „Ноел“ и печатница „Европа 92“, како и на друштвата кои што биле директно поврзани со нив.

Овие вториве, добиените кредитни средства веднаш ги префрлале на сметките на „Ноел“ и „Европа 92“, кои ги користеле за сопствени потреби. За сите овие одобрени кредити заедничко е дека било договорено воопшто да не се враќаат на Банката, со што била прибавена корист за „Ноел“ и „Европа 92“, а Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски сториле Злоупотреба на службената положба и овластување.

Во однос на застареноста на кривичното гонење за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ, СЈО информира дека застареност е настапена само во однос на лицата Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски, додека за лицата Томе Главчев и Ратко Димитровски, согласно наредбата за спроведување истражна постапка, на товар им се става сторување на кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

Во насока на прикривање на фактот дека паричните средства кои потекнуваат од незаконски добиените кредити, како и фактот дека акциите во „Поштенска банка“ ги стекнале на незаконски начин, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски во временскиот период од 2005 година до 2010 година презеле дејствија на перење пари и други приноси од казниво дело.

Осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, според СЈО, преку нивните друштва„Ноел“ и „Европа 92“ подигнале кредити од „Еуростандард банка“, кои биле наменети за сервисирање на обврските од претходните кредити подигнати од „Поштенска банка“.

Како гаранција за подигнатите кредити во „Еуростандард банка“, истите ги заложиле сопствените акции од „Поштенска банка“. Со оглед на фактот што кредитот кон „Еуростандард банка“ откако поминал рокот за плаќање не бил вратен, Еуростандард банка“ го активирала обезбедувањето на кредитот и станала акционер во „Поштенска банка“.

На овој начин осомничените со пренос на незаконски стекнатиот имот – акциите во „Поштенска банка“ и средствата добиени од кредитите од „Поштенска банка“, го прикриле нивното противправно потекло, со што сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.

Дејствијата на осомничените лица не завршуваат тука. Осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски со цел, незаконски да извлечат парични средства од „Поштенска банка“ направиле обид за докапитализација на Банката со издавање на втора емисија на акции за однапред познати купувачи.

Ваквата докапитализација Народна Банка на РМ не ја одобрила, затоа што управителите на друштвата „ГД Тиквеш“ АД Кавадарци, „ГП Бетон“ АД Тетово, АД „МИК“ Кавадарци, „Венгал“ АД Скопје, „Езимит Груп“ ДОО Штип и АД „Жито Скопје“ – Скопје како потенцијални купувачи постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки, со тоа што се обиделе акциите од втората емисија во „Поштенска банка“ АД Скопје ДА ги купат од средствата на истата банка.

Притоа, осомничениот Смилевски, со управителите на овие правни лица кои се обиделе да учествуваат во втората емиција на акции, склучил договори и на сите им признал побарување во износ од по 13 милиони денари за наводно обештетување, иако истите не претрпеле никаква штета и реално немале право на вакво нешто. Притоа, било договорено износот кој го примаат правните лица на име обесштетување да биде искористен за затворање на преостанатите обврски кои по основ подигнати кредити од „Поштенска банка“ ги имале правните лица „Ноел Експорт импорт Гевгелија“ и „Европа 92 Кочани“.

На овој начин лицата се стекнале со противправна имотна корист од 81.703.525 денари. СЈО појаснува дека управителите на правните лица кои ги склучиле договорите за обесштетување знаеле за фиктивноста на договорите, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари заедно со осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски, поради што постои основано сомнение дека и лицата Викица Поповски, Зоранчо Митровски, Георги Каратолис, Ристо Милев, Златко Ѓорчев и Кирил Јаневски сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Објавено пред

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1 013 375 избирачи, од кои 474 304 гласаат и за градоначалник на главниот град.

dobivaj vesti na viber

Во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници, а денеска се гласа во Центар, Карпош, Аеродром, Куманово, Кичево, Струга, Тетово, Пробиштип, Кочани, Валандово и други.

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот.

Изборниот процес го следат 1 598 набљудувачи – 933 домашни и 651 меѓународен. Државната изборна комисија најави дека првичните резултати ќе ги соопшти вечерва, околу 23 часот.

Вчера гласаа болните лица и затворениците, а гласањето се одвиваше непречено.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 23 степени

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степен, јавува УХМР.

Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Без неправилности помина денешното гласање на болните и затворениците, гласовите ќе се бројат утре

Објавено пред

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа.

dobivaj vesti na viber

Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи. Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Свет1 час

(Видео) Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот

Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“....

Македонија1 час

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт14 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион14 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија19 часа

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ19 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава20 часа

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија21 час

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија22 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија24 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет1 ден

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет2 дена

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија2 дена

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија2 дена

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија2 дена

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија2 дена

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија2 дена

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...