Македонија
Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД: Време е да се потврди волјата на граѓаните
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, прими писмо од Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД (House Democracy Partnership), потпишано од Питер Роскам, претседавач од Републиканската партија, и Дејвид Прајс, заменик-претседавач од Демократската партија, во име на 20 конгресмени, републиканци и демократи.
Комисијата за демократско партнерство е постојано тело на Претставничкиот дом при Конгресот на САД, кој го сочинуваат 20 американски конгресмени од двете најголеми партии – Републиканската и Демократската.
Конгресмените од Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, чиј мандат е да соработува со земјите партнери на САД за развој на ефикасни и одговорни институции, во писмото до премиерот Заев и до Владата изразуваат честитки за големото мнозинство гласови „за“ на референдумот и нагласуваат дека американскиот Конгрес останува цврсто со граѓаните на Република Македонија во нивните аспирации за членство во НАТО и ЕУ.
Во писмото на Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се упатува охрабрување за пристапување кон уставните измени кои се неопходни за спроведувањето на договорот од Преспа и „покрај предизвиците по референдумот, меѓу кои и отворените и прикриените руски напори да го поткопаат договорот”.
„Демократијата не е само одржување слободни и фер избори, туку она што се случува меѓу два изборни циклуса. Сега е време светот да ја види енергијата на демократијата во Македонија, преку потврдување на волјата на гласачите за нивно поврзување со западниот свет“, се вели во писмото на Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Американските конгресмени во писмото до премиерот Заев нагласуваат дека спорот за името со Грција предолго стоеше на патот на евро-атлантските интеграции, кои значат придобивки за македонските граѓани, и дека е време да се стават ваквите спорови настрана, преку заложување за конечен напредок.
Потписниците на писмото истакнуваат дека Конгресот на САД останува и понатаму посветен на билатералните односи меѓу двете земји и инспириран од демократскиот пат по кој одат граѓаните на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

