Македонија
Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски пристигна во СЈО на распит. Вчера во СЈО сведочеше Томе Аџиев, експретседателот на Комисијата за верификација на фактите.
СЈО во 2017 година отвори истрага наречена „Моќник“, за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко. Истрагата се води против 13 лица, поради сомневање дека му нанеле штета на државниот буџет од околу 50 000 евра.
Покрај пратеникот, осомничени се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општината Македонски Брод. Истрагата на СЈО за „Моќник“ во еден дел е за нарачаната лустрација кај тогашниот состав на Лустрациската комисија предводена од Томе Аџиев на кичевскиот судија Драган Билески. Комисијата ја поништи одлуката од 2010 година за судијата Билески и донесе нова одлука дека тој бил кодош.
Прислушуваните разговори што се водат помеѓу Томе Аџиев, претседател на Лустрациска, и пратеникот Антонио Милошоски откриваат договор за лустрирање на Драган Билески, судија од Основниот суд во Кичево. Постапката ја иницирал Антонио Милошоски, кој го известил Аџиев дека ќе најдат некое лице, како трето лице заинтересирано, што ќе поднесе барање, а Аџиев ветува дека ќе го средат судијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.