Свет
Екстремисти киднапирале 14 припадници на граничните сили на Иран
Иранските медиуми објавија дека членови на екстремистичка група киднапирале 14 припаднии на граничната полиција во близина на границата со Пакистан.
Во извештајот се цитира неименуван извор кој изјавил дека двајца од киднапираните функционери биле членови на разузнавачкиот оддел на моќната револуционерна гарда, додека седум од нив биле членови на волонтерската единица Гард, а останатите се обични ирански граничари.
Киднапирањето се случило во раните утрински часови во близина на граничниот премин Лукдан меѓу југоисточниот регион Систан и пакистанската провинција Балуцистан.
Во оваа област понекогаш доаѓа до конфликт меѓу иранските сили и балуциските сепаратисти, како и шверцерите на дрога во таа област.
Во септември екстремисти маскирани во војници отворија оган врз воена парада во југозападниот дел на Иран, богат со нафта, при што загинаа 24 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

