Македонија
Коалиција за правично судење смета дека судот не требал да ја исклучи јавноста од рочиштето за 27 април

На рочиштето за главна расправа по предметот за настаните од 27 април беше
исклучена јавноста со образложение дека истото се врши поради испитување на загрозен сведок наглавната расправа. Коалицијата ,,Сите за правично судење” оценува дека со ваквото постапување судот отстапи надвор од законската рамка и воспоставената
пракса на меѓународните трибунали, особено праксата на Меѓународниот кривичен суд, како и Хашкиот трибунал.
,,Иако според членот 354 од Законот за кривична постапка, испитување на загрозен сведок не еоснов за исклучување на јавноста, сепак овој член дава можност јавноста да биде исклучена доколку езагрозена безбедноста на сведокот. Битно е да се напомене дека овој член е општ член кој се однесувана сите сведоци (за кои не се предвидени посебни мерки за заштита), па поради тоа е дадена опција судот да ја отстрани јавноста доколку има реална закана по безбедноста на сведокот. Настрана од овојчлен, ЗКП содржи специјални одредби кои се однесуваат ексклузивно на испитувањето иобезбедувањето на загрозените сведоци, за кои се предвидени посебни правила на испитување, папоради тоа истите не се споменуваат како основ за исклучување на јавноста во членот 354 од ЗКП”, оценува Коалицијата.
Законот за кривичната постапка го регулира прашањето за заштита на загрозените сведоци наглавната расправа во членот 228, па според овој член загрозените сведоци се испитуваат на посебенначин, кој според ставот 4 од истиот член „(посебниот начин на испитување)може да се состои одприкривање на идентитетот, а во определени случаи и изгледот на сведокот.“ Така, според овој член сеобезбедува сигурноста на загрозениот сведок од аспект на заштита на личните податоци и идентитетот,но не и во однос на исказот даден од страна на загрозениот сведок. Овој член не го препознава исклучувањето на јавноста како начин на заштита на сведокот поради тоа што загрозениот сведок првенствено треба да биде заштитен од обвинетите, а не од јавноста. Токму поради тоа членовите 229и 230 од ЗКП ги предвидуваат посебните услови за начинот на испитување на загрозените сведоци, во
кои членови никаде не е предвидено исклучување на јавноста поради безбедноста на сведокот. Во таа насока говори и праксата на Меѓународниот кривичен суд, како и на Хашкиот трибунал според чииправила за обезбедување на сведоците се преземаат низа мерки за заштита на идентитетот на сведокот(како сведочење преку видео линк со заматен лик и глас), а исклучувањето на јавноста се применува воисклучителни ситуации кога постои опасност од изнесување на тајни или приватни информации во
јавноста.
,,Во таа насока е и домашната пракса на истиот суд (ОС Скопје 1), каде во предметот под кодноиме „Монструм“ заведен под референтен број КОК-66/17 на одржаните рочишта во месец август бешеиспитуван загрозен сведок со присуство не само на стручната, туку и на општата јавност, бидејќи беа преземени потребните мерки од членот 230 од ЗКП, па судот одлучи дека нема потреба од исклучување на јавноста.
Со оглед на тоа што судот на денешното рочиште обезбеди технички услови за испитување на
сведокот во одвоена просторија преку аудио-видео опрема согласно членот 230 од ЗКП, беше извршенонеопходното обезбедување на идентитетот и сигурноста на сведокот согласно законот, па така исклучувањето на јавноста од судницата не може да се смета дека придонесува за безбедноста насведокот, туку влијае исклучиво на транспаретноста на судот и јавната доверба во него. Во таа насока би се надоврзале и со инцидентот на истото рочиште, каде бранителите на обвинетите реагираа на лошите услови во судницата, по што истите беа казнети и наводно разрешени од функцијата бранители. Иако ова претставува потенцијално нарушување на правото на обвинетите да имаат бранител по сопствен избор, како и на независноста на адвокатурата, во крајна линија ни говори и за значењето на присуството на јавноста на главните расправи. Во отсуство на официјални информации и
детали околу инцидентот, битно е да се напомене дека доколку јавноста не беше исклучена од рочиштето, ќе понудеше објективна оценка на состојбата со што ќе се поттикнеше јавна
дебата и изнаоѓање на решение за идните вакви слични ситуации, што во крајна линија ќе придонесе за подобрување не само на правата на обвинетите, туку и на ефикасноста на обвинителството,перформансот на судството, како и јавната доверба во истото”, смета Коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ, да им продаде на граѓаните на Карпош, мачка во вреќа, вели актуелниот градоначалник и кандидат за претстојните локални избори Стевчо Јакимовски.
„Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.
Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања.
Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат. Јас не ветувам, јас покажувам. Сè што сум кажал – сум реализирал“, вели Јакимовски.
Според него, другите треба да објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.
Како што истакнува, Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
„Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.
Македонија
„Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на СДС и ДУИ, говори фактот што за 2 години, добиле 200 милиони евра од државата.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати говореше за сомнежи во работата на Владата на СДС и ДУИ, во однос на компанијата Марковски, но надлежните институции, спиеја на тоа уво.
Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници.
На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој и останати високи претставници од Армијата и министерството, министерот Мисајловски истакна дека денешното прво гаѓање и ставање во употреба на овие артилериски орудија значи и зајакнување на борбената готовност на Армијата.
Министерот Мисајловски во рамки на денешната активност дополнително информираше: „набавени се околу 4.000 комплети за воено-теренска униформа, од заедничкиот билатерален договор што го имаме потпишано со Турција, кој преку 2,5 милиони долари директно ќе бидат дадени за Министерството за одбрана, односно директно за Армијата“. Тој уште еднаш упати благодарност за поддршката на сојузничката поддршка од Турција и нагласи дека во тек се и други набавки кои се дел од Договорот за воено-финансиска соработка со Турција.
Хаубиците „Боран 105 мм“ се дел од декларираната батерија на Артилерискиот баталјон која е составен дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Набавката на ова средство со кое се исполнува НАТО целта за опрема и муниција за индиректна огнена поддршка, претставува важен чекор во реализацијата на исполнувањето на обврските од пакетот на НАТО цели на способности утврдени во 2021 година и потврдени со новиот пакет за 2025 година.