Црна хроника
Кривични пријави за уште еден тендер во Македонски пошти
Финансиската полиција во средата соопшти дека поднела уште една кривична пријава против три лица во врска со тендер во Македонски пошти, откако пред две недели поднесе кривична пријава против четири лица исто така за тендер во Македонски пошти.
Поради постоење на основано сомнение дека сторилe кривично дело „Злопотреба на службената положба и овластување и кривично дело „Помагање“, Финансиската полиција до Основното јавно обвинителсто во Скопје поднесе кривична пријава против три лица од кои две лица вработени во Македонска пошта и едно лице управител на приватна фирма.
Според сознанијата со кои располага Финансиската полиција, првопријавениот А.Ф(34) вработен во службата за јавни набавки во Македонски Пошти АД Скопје, во текот на 2012 година со искористување на својата службена положба, по претходен договор со второпријавениот З.К(29) – управител на правниот субјект Аспект Плус ДООЕЛ Скопје, обезбедил мостра на фотокопирна хартија од познат производител и на Комисијата за јавни набавки и дал усмен налог да изготви техничка спецификација идентична на обезбедената мостра -фотокопирна хартија од типот „Навигатор“, со што извршил директно влијание врз Комисијата за јавни набавки при донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач.
По завршување на тендерската постапка, за најповолен понудувач е избрана фирмата Аспект Плус ДООЕЛ од Скопје управувана од второпријавениот З.К(29) со кој е склучен договор за набавка на фотокопирна хартија од типот „Навигатор“.
Пријавениот А.Ф(34) иако знаел дека согласно Понудата и Договорот за јавна набавка за фотокопирна хартија број 10/2012 за потребите на Македонски Пошти АД Скопје требало да се набават 25.000 топа фотокопирна хартија од типот „Навигатор“, истиот со искористување на службената положба му наложил на третопријавениот магационер на Македонски Пошти АД Скопје, Х.А(28) кој бил задолжен да врши контрола на квалитативен и квантитативен прием на стоки во магацинот, да прими 19.000,00 топа фотокопирна хартија со понизок квалитет и цена од онаа која требало да биде набавена со тендерот.
Второпријавениот З.К(29) иако бил свесен дека испорачал хартија која е со понизок квалитет од тендерираната сепак на Македонски Пошти АД Скопје им фактурирал хартија со висок квалитет која никогаш не ја набавил од овластениот увозник за истата.
Благодарение на извршената злупотреба од двајцата вработени во Македонски Пошти АД Скопје, третопријавениот З.К(29) успеал да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Македонски Пошти АД Скопје за износ од приближно 25.000 евра.
Претходно Финасиската полиција поднесе кривична пријава против четири лица од кои две лица вработени во АД Македонски Пошти-Скопје и две лица сопственици односно управители на приватни фирми.
Во тој случај стануваше збор за набавка на софтерско речение, а со извшрената малверзација, според Финансиската полиција, бил оштетен буџетот на Македонски пошти за 46.000 евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

