Регион
АМЗ: Расте говорот на омраза во Албанија
Албанската муслиманска заедница (АМЗ) оцени дека во земјата, во пораст е говорот на верската омраза, а поради ова на удар е верскиот соживот.
Притоа, оваа верска заедница апелира до сите муслимани во Албанија да не подлегнуваат на провокации кои особено се чести на социјалните мрежи.
„Муслиманската верска заедница оценува дека е во пораст исламофобијата од одредени лица на социјалните мрежи, но и во одредени медиуми, а говорот на омразата против било која верска заедница во Албанија преставува удар на основите на државата“, се вели во реакцијата на Муслиманската заедница на Албанија./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментов не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километри на час.
Регион
Црна Гора: Во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.
Регион
Работник шест дена бил заробен на планина кај Бихаќ на екстремни минусни температури
Работникот кој шест дена беше заробен на планината Плешевица кај Бихаќ, конечно е спасен и е безбеден, а откриено е и како ги преживеал многу ниските температури.
Според информациите, вчера во 15 часот и 30 минути четиричлена екипа на ГСС Бихаќ тргнала од Заваље за да го спаси завеаниот работник на Плешевица кој шест дена се криел во контејнер на екстремни температури и снег.
Како што велат, планинарската патека Заваље-Буква била непроодна поради над еден метар снег, па екипата се одлучила за друг пат иако бил подолг.
„После осум километри моравме да продолжиме пеш низ длабок снег користејќи чевли за снег. Работникот го најдовме околу 21:30 часот во контејнер, каде што помина шест дена поради невремето и студот. Беше неповреден и имаше доволно храна, но истоштен “, велат од ГСС Бихаќ.
На враќање, движењето било забавено поради болката и заморот на жртвата, што ја отежнало акцијата.
„По 12 часа и 26 километри поминати со искачување од 1.600 метри, акцијата беше успешно завршена во 04:30 часот со пристигнувањето во Заваље. Оваа тешка и исцрпувачка интервенција уште еднаш ја покажува одлучноста и подготвеноста на нашите екипи“, нагласи ГСС Бихаќ.