Надворешна политика
Димитриев и Жбогар ја афирмираа определбата за членство на Македонија во ЕУ
Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во понеделник, оствари средба со Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.
„Соговорниците ги поздравија позитивните односи кои постојат помеѓу Република Македонија и Европската Унија и ја истакнаа својата посветеност за нивно унапредување во секоја сфера од взаемен интерес. Беше потенцирана стратешката определба за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што соговорниците ја афирмираа заложбата за продолжување на заедничката соработка која е од значење за реализација на европските интеграции на нашата земја“, информираат од кабинетот на премиерот.Димитриев изразил благодарност за соработката со Европската Унија во реализацијата на реформите кои се значајни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери. Тој ја истакнал и посветеноста на Владата за спроведување на фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за политичката криза. Од негова страна била акцентирана и посветеноста на Владата за реализација на програмата и проектите кои имаат реална корист за сите граѓани.„Шефот на Делегацијата Жбогар истакна дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи да дава поддршка во реализацијата на реформите во нашата земја. Двете страни ја изразија и значајноста на спроведувањето на акцискиот план на Владата за реформи за европска интеграција на земјата“, додаваат од кабинетот на премиерот, при што се истакнува дека било разговарано и за повеќе други теми од заеднички интерес./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.