Регион
Осомничените терористи во БиХ предадени на обвинителството
Сите единаесет уапсени лица од Босна и Херцеговина за кои постојат сомневања дека биле припадници на џихадистичката Исламска држава или финансиски го поддржувале тероризмот и учествувале во регрутирање борци за војните во Ирак и во Сирија, се предадени на државното обвинителство на БиХ, а нивно процесуирање побара и амбасадата на САД во Сараево, соопштено е во неделата.
Според наводите на државната полициска агенција SIPA, сите единаесет припадници на радикалното движење во саботата навечер му се предадени на државното обвинителство на БиХ. Во четвртокот на државното обвинителство му иле предадени Мехмед Тутмиќ и Селмо Имамовиќ, а во саботата Рамиз Ибрахиовиќ, Фикрет Хаџиќ, Сенад Кљајиќ, Енвер Лилиќ, Кенан Окан, Берин Тахиќ, Халил Гарановиќ, Самир Хаџалиќ и Ахмер Мушановиќ. Тие еба успени во четвртокот во големата полициска акција под кодното име „Дамаск“ во неколку градови во Босна. Државното обвинителство на БиХ по испитувањето ќе одлучи дали на осомничените ќе им одреди притвор. Претходно во септември во истата кација беше уапсен водачот на радикалните исламисти во БиХ, Билал Босниќ. Сите тие се осомничени за учество во борбите на страна на Исламската држава, финансирање на ова сунитско џихадистичко движење, како и за врбување и регрутирање лица за учество во терористички акции.Амбасадата на САД во Сараево ја пофали акцијата на SIPА и повика на процесуирање на припадниците на радикалното движење. „Амбасадата на САД во БиХ апелираше на државното обвинителство на БиХ за ригорозно процесуирање на 11-те лица кои се уапсени под сомневање за учество во терористички активност“, се наведува во соопштението на американската амбасада што го цитираат сараевските медиуми.Упатен е и повик до другите институции во БиХ да ги продолжат напорите во борба против тероризмот и заминувањето на борците на странски боишта, во согласност со меѓународните обврски, вклучително и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН:Американската амбасада во БиХ потврди во истото соопштение дека американското министерство за правосудство, со поддршка на Стејт департментот, ќе испрати федерални државни обвинители и повеќе советници во областа на спроведувањето на законот во разни земји низ светот, вклучително и во БиХ, како одговор на барањата на овие земји да им се даде помош во борбата против тероризмот. Како што беше најавено претходно седмицава, американското министерство за правосудство на Балканот ќе именува резидентен правен советник за борба против тероризмот во амбасадата во Тирана, а неговата одговорност во регионот ќе биде да им се даде помош на земјите партнери во јакнењето на законодавствата кои се однесуваат на борците на странските боишта, како и развивање на капацитетите на балканските истражители и државните обвинител според тоа законодавство.„Целта на овие настојувања е партнерската работа со земјите како што е БиХ, на развој на капацитетите, во рамките на законот да се одговори на појавата на борци на странски боишта, така заедно да можеме да ги користиме процесите на крвичното правосудство за да го запреме заминувањето на терористички борци во зоните на судирите, да го запреме бранот на насилство и агресивно да се бориме против насилниот екстремизам“, се наведува уште во соопштението на амбасадата на САД во Сараево./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

