Регион
Романија: Понта го призна поразот, одбива да поднесе оставка
Романскиот премиер Виктор Понта го призна поразот во вториот круг од неделните претседателски избори, но истакна дека нема намера да поднесе оставка на премиерската функција, пренесуваат медиумите.
Виктор Понта го призна поразот иако излезните анкети покажуваа дека добил речиси ист број гласови како и неговиот противкандидатот Клаус Иоханис од опозициската Национално-либералната партија (PNL). „Го повикав Иоханис и му честитав“, изјави Понта пред новинарите.Три различни излезни анкети покажаа дека резултатот од изборите е целосно неизвесен Една анкета покажа дека Понта освоил 50,9 отсто од гласовите, а Иоханис 49,1 проценти, додека друга на двајцата кандидата им даде по 50 проценти од гласовите. Третата излезна анкета му даде предност на Иоханис во однос 50,9 наспроти 50 отсто, пренесува Reuters.Првите прелиминарни официјални резултати се очекуваат подоцна во текот на ноќта кон понеделникот.Понта во меѓувреме изјави дека нема намера да поднесе оставка на премиерската функција, и додаде дека неговата владејачка коалиција ќе опстане најмалку до парламентарните избори кои треба да се одржат во 2016 година.„Ги отфрлам шпекулациите дека ќе поднесам оставка, сѐ додека некои од моите колеги тоа не го побараат. Немам причина да поднесам оставка“, изјави Понта, кој пред вториот круг беше голем фаворит на претседателките избори.Понта, кој е челник на владејачката Социјалдемократска партија (PSD), во првиот круг одржан на 2-ри ноември надмоќно водеше со освоени 40 отсто од гласовите, наспроти 30 отсто колку што доби Иоханис кој е градоначалник на Сибиу. Победата на Виктор Понта требаше да го зацврсти владеењето на PSD, кој има убедливо мнозинство во парламентот. Иоханис, кој е припадник на германското малцинство, ги предупредуваше избирачите дена не смеат да дозволат таква превласт на една партија.Според аналитичарите, добриот резултат на Иоханис во вториот изборен круг е резултат на поголемата излезност на Романците, особено оние коишто живеат во странство и кои предност му дадоа на кандидатот на опозицијата, коишто по првиот круг ја обвинува владата дека оневозможила да гласаат отворајќи премалку места каде што тие може да гласаат./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.