Црна хроника
Едно лице завршило во болница поради тепачка за давање првенство на минување во сообраќајот
Вчера, во текот на денот, на улицата Љубљанска бил нарушен јавниот ред и мир кога дошло до тепачка помеѓу четири лица – од едната страна биле две лица, едно на возраст од 18 години, другиот на возраст од 30 години, а од другата страна еден маж на возраст од 45 години и момче на возраст од 23 години, информираа од полицијата.
До тепачката дошло по претходна вербална расправија меѓу лица поради давање првенство на минување во сообраќајот. А едно од лицата, поради добиени телесни повреди од тепачката, завршило и во општата болница „8 Септември“.
Од полицијата посочија дека се работи на целосно расчистување на случчајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Судир меѓу две возила на „Цветан Димов“, скопјанец е тешко повреден
Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила во Скопје.
– На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.
Црна хроника
Удрена пензионерка во Скопје, со тешки повреди е пренесена во болница
Вчера во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В.(73) од Скопје.
Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.