Црна хроника
Обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, со двојно државјанство, косовско и француско, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Лицето беше задржано на 14. 10. 2018 година при излез од Република Македонија на аеродромот ‘Скопје’ кога при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограма наркотична дрога марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници во црна торба, која осомничениот ја пријавил како багаж, и тоа спакувана во три одделни пакувања“, се наведува во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице со оглед на тоа што сè уште постојат причините поради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош

Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.
Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.
Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Црна хроника
Тепачка на „Партизанска“ – малолетник избоден со остар предмет

Малолетник бил избоден со остар предмет на „Партизанска“ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.
Црна хроника
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.