Македонија
Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени од функциите во партијата, дознава „Макфакс“.
Одлуката следи по нивните јавно искажани ставови дека ги поддржуваат уставните измени, со цел интегрирање на земјата кон ЕУ и НАТО. Според информациите, токму тоа е причината за нивно исклучување, но официјална потврда сè уште нема.
Во тек е состанокот на Централниот комитет и според најавите се очекува вечерва партиското раководство да соопшти повеќе детали околу темите за кои се дискутирало. Претходно, во петокот вечерта од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа за уставните измени, а пред околу еден месец од функцијата заменик-генерален секретар беше исклучен и реформаторот Петар Богојески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

