Регион
Ердоган: Турција и исламот се под меѓународен напад

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред верските челниците дека Турција и исламот се наоѓаат под удар на меѓународните медиуми, и побара поголема застапеноста на муслиманите на глобалната политичка сцена.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред верските челниците дека Турција и исламот се наоѓаат под удар на меѓународните медиуми, и побара поголема застапеноста на муслиманите на глобалната политичка сцена.
„Ние сме предмет на тие операции и тие продолжуваат, и на домашен и на меѓународен терен“, изјавил Ердоган во понеделникот пред верските лидери во турската престолнина Анкара, пренесе агенцијата DPA.
Додал дека и самиот се наоѓа под притисок поради изјавите дека еднаквоста меѓу мажите и жените е неприродна, како и дека муслиманските морепловци ја откриле Америка стотици години пред тоа да го стори италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо.
„Знам дека за ова ќе пишуваат утре и ќе ме нападнат. Знам дека ќе нé нападнат странските медиуми, писателите, актерите, политичарите, од сите можни оружја“, додал Ердоган.
Секуларните противници на Ердоган се загрижени поради бришењето на границата меѓу верата и државата.
„Велат дека спрегата меѓу државата и политиката е погрешна работа. Станува збор за голема омраза кон исламот. Ме нападнаа кога запрашав зошто изучувањето на исламот не би било задолжително, како што е физиката“, заклучил Ердоган потенцирајќи дека црквите во западниот свет имаат врска со политиката.
Ердоган, кој беше избран за претседател на Турција во август 2014 година откако единаесет години беше премиер, остро го критикуваше Советот за безбедност на ОН, бидејќи според него не ги вклучува муслиманските земји, во прв ред мислејќи на постојаниот состав на ова тело на светската организација.
„Исламскиот свет не е застапен. Тоа се условите коишто постоеја пред Првата светска војна. Тие мора да бидат реформирани“, истакнал Ердоган во говорот којшто, како што забележува агенцијата, бил честопати прекинуван од бурни ракоплескања на претежно машката публика./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин
Регион
Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење на реформите во Србија, која е потресена од месеци антивладини протести предизвикани од железничката несреќа во Нови Сад пред една година.
Тој се осврна на честите пофалби од Европската комисија, како онаа минатата година кога претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со „драг Александар, покажа дека делата ги следат твоите зборови“.
За време на посетата на Белград во средата, наративот малку се смени, при што Фон дер Лајен му се обрати на Вучиќ со „господине претседателе“.
„Апелираме до Комисијата, наместо тоа, јасно да ја артикулира потребата од вистински и сеопфатни реформи, вклучително и враќање на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Пицула.
Потпретседателката на пратеничката група на СиД, белгиската европратеничка Кетлин ван Бремпт, која е задолжена за проширување на ЕУ во нејзината група, истакна дека секоја неоправдана пофалба од страна на Комисијата за властите во Србија води до тоа студентите и граѓаните што протестираат на улиците да се чувствуваат предадено.
Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе дебатира за резолуција за растечката репресија во Србија, една година по уривањето на настрешникот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика месеци протести што Вучиќ ги нарекува обоена револуција.
Во изјава за новинарите во Брисел, Пицула рече дека од февруари до септември оваа година имало повеќе од 10.700 протести во цела Србија, кои биле обележани со репресија врз демонстрантите, произволни апсења и политички мотивирани притворања.
фото: принтскрин