Топ
ОЈО Гостивар гони повеќе лица за полов напад врз дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
„Во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација. Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица. До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени. Според првичните информации постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица“ соопшто ОЈО Гостивар.
Во моментов, како што се наведува, согласно на издадена наредба на надлежниот јавен обвинител се вршат бројни вештачења, преку кои ќе бидат обезбедени докази и ќе се добијат насоки за утврдување на фактите во кривично правниот настан.
Детето по Наредба на обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи.
„Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во член 170 од Законот за кривична постапка, а особено земајќи ја во предвид видот и висината на запретената кривична санкција – казна затвор од најмалку 12 години за ова кривично дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување на краткотраен притвор за трите лица“ се додава во соопштението.
Основното јавно обвинителство Гостивар во континуитет продолжува да презема интензивни активности за целосно расчистување на кривично правниот предмет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино.
Се работи за сложена предистрага, која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група, која дејстувала подолг временски период и имала цел вршење на кривичните дела злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со намера организаторите и припадниците на групата да стекнат противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, со што е предизвикана огромна штета на буџетот на Република Македонија.
По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во акцијата со асистенција на САЕ „Тигар“ од слобода се лишени седум лица и тие се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот.
Македонија
Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство.
Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.
Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.
Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.
Свет
Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.
على الهواء مباشرة… إسرائيل تقصف طواقم الدفاع المدني أثناء محاولتها انتشال جثمان الصحفي حسام المصري الذي ارتقى إثر قصف إسرائيلي لمستشفى ناصر.
جرائم متسلسلة أمام أعين العالم أجمع pic.twitter.com/6bzPn2gfCV— Ramy Abdu| رامي عبده (@RamAbdu) August 25, 2025
Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри.
Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон местото на првиот удар.
Al Jazeera journalist among 14 killed in Israeli strike on Gaza hospital
Read more at: https://t.co/mxYLWxJlSO#Israel #Palestine #Gaza #IsraelAirstrikes #Death #AlJazeera #Photojournalist #MohammadSalama
— Mathrubhumi English (@mathrubhumieng) August 25, 2025
Очевидци изјавија дека нападите следувале по пристигнувањето на спасувачите и медиумските екипи на местото на првиот напад.
Four Palestinian journalists among the people killed in Israeli attack on Nasser Hospital in southern Gaza
📸 @anadoluimages / Monday August 25, 2025 pic.twitter.com/OSM697pXWU
— Clauda Tanios (@ClaudaTanios) August 25, 2025
Еден спасител бил меѓу загинатите, а здравствените службеници ги идентификувале новинарите Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.
Four Palestinian journalists among the people killed in Israeli attack on Nasser Hospital in southern Gaza
📸 @anadoluimages / Monday August 25, 2025 pic.twitter.com/OSM697pXWU
— Clauda Tanios (@ClaudaTanios) August 25, 2025
„Асошиетед прес“ потврди дека меѓу убиените во израелските напади врз болницата „Насер“ е и нивната колешка, 33-годишната новинарка Маријам Дага.
Во соопштението тие велат дека Дага често известувала од болницата и дека нејзините последни статии биле за неисхранети деца во Газа.
„’Асошиејтед прес’ е шокиран и тажен од веста за смртта на нашата колешка Маријам Дага заедно со неколку други новинари во Кан Јунис. Маријам редовно известуваше од болницата ‘Насер’, а нејзината работа вклучуваше моќни приказни за гладот и за неисхранетоста кај децата. Таа работеше за ‘Асошиетед прес’ и за други медиуми. Правиме сè што можеме за да ги заштитиме нашите новинари во Газа додека тие продолжуваат да донесуваат витални сведоштва од терен“, се вели во соопштението на агенцијата.
Израелската војска (ИДФ) издаде соопштение по нападот врз болницата.
„Началникот на Генералштабот нареди што е можно побргу да се спроведе почетна истрага. Израелските одбранбени сили жалат за сите невини жртви и не ги таргетираат новинарите како такви. Војската дејствува за да ја минимизира штетата врз невините, а воедно да ја одржува безбедноста на израелските сили“, се вели во соопштението.
Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелски напади, според Палестинскиот сојуз на новинарите, како што објави „Ројтерс“.
Фото: ЕПА