Црна хроника
Две непознати лица измамиле 72-годишен маж од Гевгелија и му одзеле 8 000 евра
72-годишен маж од Гевгелија во текот на вчерашниот ден во полициската станица во градот пријавил дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути две непознати лица го измамиле и му одзеле 8 000 евра.
„Двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица. Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе“, наведуваат од МВР во соопштението.
Но, како што наведуваат од полицијата, откако 72-годишниот маж им ги дал парите, лицата заминале и не се вратиле. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Прва светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната калибар 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко е повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.